„Во војната против кој било заразен вирус, се обидувате да победите различни битки. Треба да се продолжи да се спојува тоа од секој можен правец. Tоа исто важи и за корона вирусот” вели британскиот ХИВ специјалист Алан МекОвен.
Тој ги потенцира сличностите помеѓу Ковид -19 и ХИВ. И двата вируси се без работна вакцина, можеме да бидеме заразни без да знаеме за тоа, а исто така и двата се шират претежно на близок контакт помеѓу луѓето.
Уште од почетокот на воведувањето вонредните мерките за движење и карантините, медицинските лица од најголемата клиника за сексуални болести во Лондон “56 Dean Street”, внимателно ги следат нивните нови случаи на гонореја и препишаните рецепти за профилакса на пост-изложеност (ПЕП), третман кој, доколку се земе во рок од 72 часа од изложеност на ХИВ, може да го прекине ширењето на вирус. И на двата “фронта” забележано е опаѓање на случаите.
„Ние ги одбравме овие два маркера, бидејќи тоа се се работи за луѓето кои што не би сакале да ги одложат“, вели Мековен. „Ако имате гонореја во пенисот, се чувствувате како да уринирате жилети, а додека чистењето се одвива во рок од четири до седум дена. За ова да биде ефективно, треба брзо да се реагира со ПЕП. “.
Нивните откритија го потврдија она што здравствените работници предвидуваа низ целата земја: преку исполнување на мерки за физичко растојание, јавноста има помалку „ризичен“ незаштитен секс со нови партнери. Само ова помогна да се забави стапката на пренесување на ХИВ, но подолг период на сексуална неактивност во Велика Британија има и други придобивки во обидот да се забават нови случаи на ХИВ.
За еден ХИВ тест да биде конечно дефинитивен потребен е еден месец од изложувањето на истиот. Па затоа, после седум недели од рестриктивните мерки им оди во прилог на лекарите – можат многу полесно да ја детектираат болеста, изолираат новите случаи и понатаму подобро да ги третираат.
При редовно лекување, лицата со ХИВ позитивни имаат невидливо оптеретување на вирусот и затоа не можат да ја пренесат инфекцијата. Новите ХИВ инфекции веќе опаѓаат на национално ниво, делумно затоа што е зголемен јавниот пристап до профилакса пред изложеност (ПЕП), лек земен од луѓе со ХИВ-негативни пред и после сексот што го намалува ризикот од ХИВ. Во 2012 година, имаше околу 2.800 нови дијагностицирани ХИВ кај мажите кои имаат секс со мажи во Велика Британија. Во 2018 година бројката се спушти на 800, пад од 71%.
„Ако сега можеме да ги најдеме преостанатите луѓе со ХИВ преку тестирање и да ги поставиме на третман“, вели Мекован, „можеме да ги отстраниме сите што се заразни од популацијата со долготрајни ефекти. Нема повторно да го добиеме овој двомесечен прозорец без секс “.
Слични успеси може да се забележат и во други земји каде тестирањето и третманот се широко достапни. Фондацијата за помош на Нов Зеланд веќе има контактирано “56 Dean Street”, барајќи дозвола да ја реплицира својата кампања.
Но, овој обид може да успее само ако пациентите можат да пристапат до тестирање на ХИВ пред да продолжат со нормална сексуална активност. Во овој случај услугите за сексуално здравје се нарачани од локалните градски власти, што значи дека пристапот до различни методи на тестирање зависи од тоа каде живее пациентот. Интернет, поштенското тестирање не е секогаш достапно во сите области.
„Во Лондон и во многу други делови на земјата, имаме навистина добри услуги за и капацитет за онлајн тестирање, но тоа не е секаде унифицирано. Постојат места кои не нудат тестирање преку Интернет или имаат ограничен број тестови, и тука би било проблем ако во тие места услугите за лице-в-лице сè уште не се отвориле “.
Советите на експертите се јасни: строгите мерки воведени поради корона вирусот ни дадоа одлична шанса да ги спречиме нови преноси на ХИВ.