Серијата составена од повеќе делови од АНКОРС е наменета за усогласување на целите со Работната група на Нелсон Фентанил.
Лицата корисници на дрога често се жалеле дека се жртви на дискриминација кога имале потреба од некаква медицинска услуга, кога се обидувале да најдат живеалиште или при барање на работа.
Локалните жители корисници на дроги од Кутенај ( регион во јужноисточна Британска Колумбија) биле дел од видео серии, режирани од социјалната група АНКОРС каде што го прикажале своето искуство за живот со стигма.
„Тие се многу интимни”, изјавила извршната директорка на АНКОРС, Шерил Дауден. „Се чувствувам како луѓето да беа многу автентични и исто така беа и исклучително ранливи, но флексибилни за она што тие имаа да го кажат. Се надевам дека луѓето се поврзуваат со тоа”.
Дауден изјавила дека серијата е финансирана од Заедница за превземање на иницијатива и била формирана со цел како би се претставиле приоритетите на Работната група на Нелсон Фентанил.
Таа верувала дека видеата ќе помогнат да се ублажат некои од проблемите со кои се соочуваат членовите на заедницата кои побарале помош од работната група на Нелсон Фентанил.
„Ако првото нешто што го забележуваме кај луѓето е нивната зависност и доколку ги дефинираме на тој начин, тогаш не го гледаме човечкото суштество и не се поврзуваме човек-човек.
Ние се поврзуваме низ леќата на стигмата и тоа е тоа што треба да го отстраниме од нашето секојдневие”.
Првите две видеа од серијата ви ги прикажуваме во овој текст:
https://www.youtube.com/watch?v=i0GXq1JI53E