Корисни совети, информации и практики за глобалната заедницата на корисници на дроги, за како да ги намалат штетите од инфицирање за корона вирусот во услови на пандемија.
- Не споделувајте
- Бонгови, Џоинт, Вапери, Цевки/ Пара за снифање и било каква опрема за инјектирање ( вклучувајќи и стерилизирана вода ).
- Обезбедете се
- Доколку имате материјални средства обидете се да ја набавите вашата дрога по избор пред да се влоши целата ситуација.
- Обезбедете терапија за подолго време
- Доколку сте пациент на супституциска терапија ( пр. Метадон, бупренорфин..) и особено доколку имате постоечка здравствена состојба која ве прави поранливи на инфекции прашајте го вашиот лекар дали може да земете терапија на подолго време ( пр. терапија за три недели/еден месец ).
- Заменски план ( План Б) за набавка на вашата супстанца
- Доколку имате развиено опијатска зависност и дрогата ја набавувате на нелегалниот/црниот пазар постои ризик вашиот добавувач да се разболи, така што ќе ви треба заменски добавувач. Во таква ситуација мора да имате развиено план што би претставувало: проширување на мрежата на добавувачи каде би можеле да ја набавите супстанцата, медицинска помош ( програми со супституциска терапија ) и набавка на сите останати лекови, храна, пијалоци ( особено течности базирани на протеини, електролити ) кои се потребни за детоксикација од опијати. ( вакви сличи чекори можат да превземат и лица кои имаат развиено НЕ опијатска зависност ).
- Направете резерви од потребната опрема/материјали за користење на супстанцата
- Направете потребна резерва на опрема ( шприц,игла,кукер, вата.. ) најмалку за еден месец ( доколку програмите можат да одговорат на тоа ), особено ако сте лице кое е под висок ризик од инфекции ( хронична болест или друг здравствен проблем ).
- Темелно чистење на пакетот од добавувачот ( дилерот )
- Исчистете го темелно пакетот со алкохолни марамици кога ќе го подигнете од вашиот добавувач ( минимум 60% концентрација на алкохол е доволна да го уништи вирусот ). Доколку вашиот добавувач има навика да го чува и транспортира пакетот во уста, гаќи и сл ,прашајте го дали може да ја промени таа навика во услови на пандемија на вирусот, доколку не може, внимателно ракувај со пакетот и исчисти го темелно како што е опишано погоре. Запомнете дека анти – бактерискиот сапун ( влажни марамици ) не го убива вирусот , но подобро е тоа, отколку ништо да не правите, особено ако концентацијата содржи алкохол.
- Одбегнувајте чување на вашиот пакет во Уста, Вагина, Анус
- Доколку по секој цена мора да го чувате пакетот во вашето тело, тогаш темелно исчистете го со алкохол и пред и после секој пренос. Ако го носите во уста користете средство за чистење на уста на база на алкохол.
- Редовно миење на раце
- Миење на раце со сапун и топла вода најмалку 20 секунди : секогаш кога ќе дојдете во контакт со некој друг, после контакт со пари, после набавка на пакет за дрога. Користете книжни брисачи за раци или чист пешкир.
- Припремете си ја сами вашата дрога
- Не дозволувајте на никој да ја допира вашата опрема ( игла, шприц, цевка за снифање, бонг… ) но немојте ни вие да ја допирате туѓата опрема.
- Ако имаш симптоми на корона вирус
- Доколку имате потреба од опрема или некоја друга услуга, НЕ го посетувајте локалниот центар за намалување на штети, повикајте го теренскиот тим за намалување на штети да го посети вашиот дом и информирај го за симптомите како би се заштитил и би постапил соодветно.
- Опасност ( Црно сценарио )
- Подгответе се за најлошото сценарио и можноста од намалување на услугите или целосно затварање на програмите за размена на стерилен прибор , супституциска терапија и слично во случај на продлабочување на кризата. Доколку дојде до ова сценарио следете ги чекорите 2,3,4,5 како би ги намалиле ризикот од набавка на лекови, потребна опрема и други производи.
- Сетете се и запомнете
- Лицата со нарушен имунолошки систем, заболување на белите дробови и други хронични заболувања имаат поголем ризик да се инфицираат со корона вирусот . Да ги заштитиме и да им помогнеме да бидат безбедни со тоа што ќе се чуваме самите себе.
⚠ КОВИД-19: Добивај ги најновите информации од Министерството за здравство за заштита од корона вирус, директно во AirCare!
Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести”.
Android: https://getaircare.com/
iOS: https://getaircare.com/ios