КОНОПФЕСТ 2019 оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ ќе се оддржи на два стејџа:
Школка во Парк каде што ќе се оддржат неколку едукативни предавања, по што ке следува настап на диџеи и полјаната Вембли на која ќе настапат повеќе реномирани македонски бендови и артисти. Оваа година КОНОПФЕСТ е организиран од здружението БИЛКА и Универзална сала.
Во едукативениот дел ќе има предавања на основачот на БИЛКА, м-р адвокат Јанаки Митровски на тема „Приватизација на канабис“, предавање на основачот на БИЛКА и нашиот д-р Дарко Костовски на тема „Употреба на канабисот во тртетман на опијатски зависности“, како и предавање на активистот Давор Ангеловски на тема „Медицинска употреба на канабис“. Воедно ќе се случи и Мини перформанс на тема канабис екипа Партизани.
БИЛКА веднаш по завршување на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот!
Оваа година ХОПС ќе учествува на овој настан со свој штанд.
Се гледаме СОБОРЦИ!
Подетално за настанот може да прочитате тука.