Конкурс за стипендирање на ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година

0

Во рамки на проектот Редовно на часови:  акција за вклучување на Ромите во основното образование, Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со своите партнери Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор објавува конкурс за стипендирање на 333 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година. Целта на овие стипендии е преку намалување на финансискиот товар на најранливите ромски семејства поврзан со школувањето на нивните деца да се обезбеди поголема вклученост на Ромите во основното образование, редовна посета на наставата и успешен премин во следните одделенија. Средствата за проектот и стипендиите се обезбедени од Европската Унија.

Основни информации за стипендијата

  • Стипендијата се однесува на период од една учебна година (10 месеци) и е наменета за покривање на трошоците за школување на децата, храна, облека, училиштен прибор/материјал, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата. Висината на стипендијата изнесува 400 евра годишно, во денарска противвредност. Стипендијата ќе се исплаќа на трансакциска сметка на мајката, таткото или на старателот/старателката.
  • Задржувањето на стипендијата во тековната 2020/2021 учебна година, како и обновувањето на стипендијата за следната учебна година 2021/2022 ќе зависи од редовноста на ученикот на наставата, како и од успешниот премин во следното одделение.

Можност за пријавување на конкурсот имаат:

  • Ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година;
  • Ученици чии семејства се приматели на гарантирана минимална помош;
  • Ученици кои не се корисници на друга стипендија обезбедена со финансиски средства на Европската Унија.

Потребни документи за пријавување

  • Пријава за стипендирање на ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година.
  • Оригинална потврда од училиште за редовен ученик во прво одделение запишан во учебната 2020/2021 година. Потврдата мора да има потпис и печат од училиштето.
  • Оригинална потврда од Центар за социјална работа за користење на гарантирана минимална помош, не постара од 6 месеци.

Критериуми за стипендирање

Основни критериуми за стипендирање се:

  • ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година;
  • нивното семејство да е корисник на гарантирана минимална помош.

Во случај повеќе од 333 кандидати да ги исполнуваат основните критериуми за стипендирање,  предност ќе биде дадена на учениците Роми:

  • кои доаѓаат од семејства со еден родител;
  • кои доаѓаат од многудетни семејства;
  • чии семејства вклучуваат лица со било каков вид на попреченост;
  • предност ќе се даде на ученичките – минимум 60% од стипендиите ќе бидат доделени на девојчиња;
  • доколку е неопходно проектот ќе утврди дополнителни критериуми за селекција на кандидатите.

Во случај да се неопходни дополнителни документи за потврда на веродостојноста на податоците наведени во пријавата истите ќе бидат побарани.

Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година): При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, како приход не се смета стипендијата.

 

Краен рок за пријавување е 15 септември (вторник) 2020 година.

 

Пријавите се доставуваат:

  • по пошта на адреса на Фондација Отворено општество – Македонија: Бул. Јане Сандански 111, п.фах 378, 1000 Скопје или
  • лично во училиштето во кое е запишано детето.

За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на доставување на пријавата/пратката во пошта. За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по пошта.

Пријавата за конкурсот можете да ја најдете во вашето училиште, Фондацијата Отворено општество – Македонија и во Центарот за образовна поддршка Дендо вас (ул. Плачковица 51, Шуто Оризари, Скопје).

Дополнителни информации за конкурсот можете да добиете:

– телефонски на 02/2477 107; 071/232 861; 070/309 373

– на и-мејл redovnonacasovi@fosm.mk

Целосниот текст на конкурсот како и пријавата можете да ги најдете во дополнителните документи подолу.

Дополнителни документи :

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.