Комитетот ги поздравува различните законодавни, институционални и политички мерки преземени од државата-членка за спроведување на Конвенцијата, особено донесувањето правна рамка со која се препознаваат значителен број членови од Конвенцијата и измените направени на Законот за Народниот правобранител за да се донесе во согласност со париските принципи. Понатаму го поздравува напредокот постигнат од страна на државата во однос на Националната стратегија за малолетничка правда (2020-2026) и нејзиниот акционен план (2020-2023) и спроведувањето на новиот модел за проценка на попреченоста. Комитетот исто така ја поздравува ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (декември 2011 година).
Едни од точките каде се очекува напредок поврзани со адолесценти, Комитетот препорачува промоција до поголем пристап до сеопфатно, соодветно на возраста, научно засновано образование за сексуално и репродуктивно здравје и права, вклучувајќи информации за спречување на адолесцентна бременост и високоризично сексуално однесување, како и за прашањата на сексуалната ориентација и родов идентитет, планирање на семејството и контрацептивни средства, како и за превенција и третман на сексуално преносливи инфекции. При спроведувањето на овие мерки, посебно внимание треба да се посвети на децата во ранливи ситуации;
- -Решавање на инциденцата на употреба на дрога од страна на деца и адолесценти, меѓу другото, со обезбедување информации и едукација за спречување на злоупотреба на супстанции, вклучително и тутун и алкохол, и развивање достапни програми и мерки погодни за младите за третман на зависности;
-Развивање програми за спречување на самоповредување и самоубиства;
-Да се гарантира пристапот на адолесцентите до безбеден абортус во сите околности и услуги за нега по абортусот, осигурувајќи дека нивните ставови секогаш се слушаат и соодветно се земаат предвид во процесот на донесување одлуки.