Кокаинот е стимуланс што на уличниот пазар се продава во вид прав ( пудра ) или во форма на кристал ( крек). Крекот многу ретко може да се најде во Македонија, скоро и да го нема. Кокаинот и неговите нуспроизводи во вашето тело генерално остануваат од еден до четири дена по последната употреба, но може да остане и подолго доколку се злоупотребува и се користи хронично.
- Крв до 1 ден
- Плунка од 24 до 48 часа
- Урина од 1 до 4 дена
- Коса до 90 денa
По неколку минути од шмркањето на кокаинот, едно лице чувствува еуфорија и возбудливост, а врвот го достигнува во рок од половина час, додека целокупното дејство трае максимум еден час. Кокаинот побрзо се апсорбира кога се пуши и својот врв го достигнува за околу пет минути, за разлика од тоа кога се шмрка, каде што врвот го достигнува по 30-40 минути. Урината на едно лице ќе биде позитивна во рок од еден до четири часа од конзумирањето и ќе продолжи да биде позитивна два до четири дена. Може да остане и подолго доколку некој редовно го користи или конзумира големи количини.
Како се разложува кокаинот и колкав е неговиот полуживот
Кокаинот се разложува прилично брзо во нашиот организам. Полуживотот на кокаинот е околу шест часа, што значи дека половина од дозата кој сте ја конзумирале се елиминара од вашето тело за рок од шест часа. Другата половина од дозата треба да исчезне во следните шест часа, што доведува до тоа да кокаинот во урината да биде присутен околу еден ден. Но, во телото кокаинот се разложува на други супстанци, наречени метаболити, кои можа да бидат присутни подолг временски период. Benzoylecgonine е главен метаболит на кокаинот кои има полуживот од 12 часа, така што може да појави присуство во урината до дванаесет часа од последна конзумација. Benzoylecgonine е супстанцата што повеќето лабаратории ја бараат во тестовите на кокаин. Иако тестовите преку урина се најчестиот и најкористениот метод што се користи за откривање на кокаинот во вашиот организам, сепак кокаинот може да појави примероци и во крв, плунка и коса.
Надворешни влијаниjа
Многу фактори влијаат на тоа колку долго ќе остане кокаинот во вашиот организам. Висината, тежината, возраста, целокупната здравствена состојба влијаат на тоа колку брзо и ефикасно ќе се исчисти телото од супстанцата. Бидејќи кокаинот првенствено се разложува во црниот дроб, кај лицата кои имаат заболување на црниот дроб овој процес ќе трае подолго од вообичаеното и овие лица ќе бидат подолго време позитивни на тестот. Количината на кокаинот кој ќе се внесе во телото, должината на неговата употреба и чистотата се исто така важни фактори кои влијаат на тоа колку брзо или бавно ќе се разложи кокаинот во вашето тело.
Истржувачи од Медицинскиот факултет на “John Hopkins” спровеле истражување каде што на шест здрави мажи кои употребувале кокаин им давале секој ден се поголема доза. Истражувачите стигнале до сознание дека при поголема доза на кокаин на телото му е потребно подолго време да ја рзложи.
Додека пак студијата објавена во Америчкото списание Journal of Analytical Toxicology доаѓа до заклучок дека кокаинот се акумулира во телото на хроничните корисници и му треба подолго време за да биде елиминирано од организмот.