Американската група за намалување на штети „DanceSafe“ и канадската креативна агенција „The Garden“ заедно го презентираат „Кока-предизвикот“. Тоа е едукативна кампања насочена кон охрабрување на корисниците на кокаин да ја тестираат својата дрога со ленти за фентанил. Видеото е снимено во јавен парк каде дечко ги поканува минувачите да се вклучат во предивикот со „кока“ каде треба да препознаат, торба полна чист кокаин и торба со кокаин измешан со фентанил.
Една жена која ги истражува торбите забележува дека тие изгледаат исто. Ги прашува дали може да се помириса разликата, мажот ја потсетува дека фентанилот е без мирис.
Дечкото им покажува на учесниците како да користат лента за испитување на фентанил со малку вода за да ја проверат чистотата на нивните дроги. Една црвена линија значи тестовите за дроги се позитивни за фентанил, две црвени линии значи дека дека нема присуство на фенантил.
Емануел Сфериос, основач на DanceSafe истакна дека 80.000 луѓе умираат од предозирање со дроги секоја година во САД и Канада. И дека овие ленти се толку едноставни за употреба што може да спречат предозирање и употреба на Налоксон кој спасува животи.
Од 2016 година, се забележува зголемување на смртните случаи поврзани со комбинации на кокаин со фентанил, повеќе од хероин со фентанил. Тоа е поради тоа што луѓето кои користат кокаин се помалку свесни за можноста за фентанил во нивните дроги, додека луѓето кои користат опоиди имаат поголема толеранција на фенантил.