Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме на нашиот добротворен настан “Која пудра најдобро покрива модрици” кој ќе се одржи на 01.06.2019 во BackYard Lounge Bar & Kids Area, локал во центарот на Скопје.
Како сведоци на чести настани со насилство и фемицид, сакаме да го искористиме овој настан и да го потенцираме проблемот на насилство врз жените кориснички на услуги на ХОПС да и повикаме на емпатија, поддршка и гласност.
Oрганизираме најразлични активности преку кои сакаме да собереме средства за едукативна поддршка на нашите клиентки со цел препознавање на своите права, нивно охрабрување во барањата за заштита, особено кога биле жртви на различни форми на насилство, пријавување на прекршувањата и барања за институционална и судска заштита.
Денот ќе го започнеме со турнир во мал фудбал, пинг-понг, базар за продажба на донирани уметнички предмети и предмети изработени од клиенти на ХОПС, ваучери од нашите поддржувачи и донатори за предмети и услуги кои можете да ги обезбедите за време на настанот, продажба на книги и креативни работилници за деца.
Настанот ќе го збогати промоција на изданието на мандали за возрасни на Симона Манчева, а крајот на денот е резервиран за кароке забава со Огнен Јанески.
Вашето присуство и Вашата донација ќе помогнат да обезбедиме средства за континуирано одржување на едукации за клиентките на ХОПС за правна поддршка во текот на целата година.
Ако не сте во можност да бидете дел од овој настан, а сакате да нѐ поддржите, можете да донирате на нашата жиро сметка:
↠ 270000000137627
↠ Халкбанк – АД Скопје
↠ Назнака: за настан „Која пудра најдобро покрива модрици? “
Настанот “Која пудра најдобро покрива модрици” е поддржан од Фондација отворено општество.
Доколку сѐ уште сакате да се вклучите на настанот со донација, да бидете дел од базарот или од фудбалска екипа, проверете го ивентот Повик за донација – „Која пудра најдобро покрива модрици?“, каде можете да ги видите сите детали.