Некои видови дроги класифицирани како опасни дроги, се помалку штетни од алкохолот и цигарите.
Зошто е алкохолот легален, но не и многу други опијатни средства? Ова прашање е предмет на едно истражување објавено од страна на Глобалната комисија за политика за дроги, независна група составена од 26 поранешни претседатели и други големи политичари.
Комисијата го обвинува системот на ОН за класификација на дроги, во кој се распоредени околу 300 психоактивни супстанции во “распоред” според нивото на штетите кои ги предизвикуваат и бенефициите. Некои дроги, како што е на пример морфинот, се употребуваат и во медицината. Други, како што е псилоцибинот (активната состојка во магичните печурки), најчесто се користат рекреативно. Дрогите кои што се користат без очигледна медицинска помош, автоматски се ставаат во најопасната категорија и подлежат на најстроги кривични казни, без оглед на ризикот што го претставуваат.
Недостатоците на системот на ОН се евидентни со години. Во 2010 година група британски експерти за дрога, рангирале 20 популарни опојни супстанции на 16 физички, психолошки и социјални штети, вклучувајќи ги и оние што се направени за некорисници, како што се криминалот и распаѓање на семејството. Меѓу сите овие, алкохолот се покажал како најштетен, проследен со хероинот и кокаинот.
Психоделичните дроги или таканаречените дроги “за забава”, вклучувајќи ги и екстазите, ЛСД и печурките, се сметале за претежно бенигни. Предизвиканата штета била за половина помала од онаа што ја предизвикувал тутунот и покрај тоа што психоделиците се поврзани со кокаинот и хероинот во системот за класификација на ОН.
Позицијата на алкохолот на врвот е делумно резултат на неговата широка употреба, што предизвикува поголеми штети (кокаинот се смета за најштетен за корисниците). Дрогите како што е хероинот, во меѓувреме, ќе се рангираат пониско, доколку корисниците секогаш би можеле да набават чисти дози и кога не би морале да ја споделуваат опремата за инјектирање.