Кога живееш со други луѓе во текот на само-изолација:
- Ако имаш услови користи посебен тоалет и бања.
- Ако треба да споделувате тоалет и бања со друг тогаш користи ја последен и потоа темелно исчисти го тоалетот.
- Не споделувајте предмети што сте ги користеле со други: садови, чаши, прибор за јадење, крпи, постелнина.
- Престојувај во просторија каде што можеш да отвориш прозор.
Оброци
Ако е можно нека ја остава некој вашата храна на послужавник пред вратата на вашата соба и потоа кога ќе завршите со оброкот оставете се на послужавникот пред вратата. Целиот прибор се собира и се става во машина за миење садови и рацете темелно се мијат.
Доколку немате машина за миење садови:
- Измијте го приборот со врела вода и со сапуница и внимавајте да бидете облечени со гумени ракавици.
- Оставете да се исушат.
- Измијте ги гумените ракавици додека сеуште ги носите.
- Откако ќе ги соблечете гумените ракавици измијте ги рацете темелно.
Често миење на раце
- Мијте ги рацете правилно и често со сапун и вода или исчистетете ги со средство за дезинфекција што се на база на алкохол.
- Покријте ја устата и носот со марамче/крпа кога кашлате или кивате.
- Искористеното марамче/крпа фрлето го во корпа.
- Потоа измијте ги темелно рацете.
Користете детергент или средство за дезинфекција за чистење на домот.
- Многу производи за чистење и дезинфекција што се продаваат во маркетите можат да го убијат корона вирусот на површината.
- Исчистете ја површината како и обично со детергент или средство за дезинфекција, а тоа вклучува : маси, брави, врати, тоалети, работни површини, телефони, тастатури, таблети паковања на шампони/купки и сл.
- Користете гумени ракавици додека го чистите домот и потоа темелно измијте ги рацете.
- Гумените ракавици се мијат додека ги носите на вашите раце.
Перење на алишта
Ставете ги алиштата во пластична кеса и оставете ја пред вашата врата од просторијата каде што сте во само-изолација. Нека ја собере некој кесата со алиштата од пред вашата врата и доколку има можност да носи гумени ракавици.
Потоа би требало :
- Да се измијат алиштата на највисока температура во зависност од материјалот, со детергент за алишта.
- Да се исчистат сите површини и просторот околу машината за перење.
- Да се измијат гумените ракавици додека сеуште ги носите и потоа темелно да се измијат рацете со сапун и вода.
- Да се сушат алиштата на железно грејно тело( парно, печка )
- Не ги носите алиштата во перална за алишта, перете ги во посебна перална.
Управување со отпад
- Ставете го целиот отпад во пластична кеса, вклучувајќи: маски, марамчиња,крпи и др. Врзете ја кесата кога ќе биде полна околу три-четвртини. Потоа земете уште една кеса и ставете ја палстичната кеса со отпад во втората кеса и заврзете ја.
- Целиот отпад третирајте го на ист начин.
- Навремено фрлајте го својот отпад .
Останете во контакт со својот доктор
- Доколку ви се влоши состојбата повикајте го вашиот доктор преку телефон, не одете во болница.
- Доколку се пројават симптоми како на пр. покачена температура и треска, кашлица, отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, лицето да се јави во Службата “Ало докторе”:
- ЦЈЗ Битола 071 261 330
- oЦЈЗ Велес 071 219 278
- ПЕ Гевгелија 078 545 444
- ЦЈЗ Кочани 071 373 913 o
- ЦЈЗ Куманово 070 215 851
- ЦЈЗ Охрид 070 723 029
- ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
- ЦЈЗ Скопје 071 289 614
- ЦЈЗ Струмица 072 235 543
- ЦЈЗ Тетово 075 240 464
- ПЕ Гостивар 076 365 161
- ЦЈЗ Штип 078 365 613
- ИЈЗ Скопје 078 387 194 o
- ЗД “Ало докторе” 02/15 123
Маска
- Ако носите маска, треба да ја оставите во просторијата во која се самоизолирате
- Измијте ги рацете пред да ја ставите.
- Не ја допирајте предната страна на маската кога ја тргнувате.
- Не користете маска кога е влажна.
- Не ја реупотребувајте повторно маска.
Обидете се да бидете добро и да се движите
Чувајте се мобилни со тоа што станувајте и движете се колку што е можно повеќе. Ако имате градина или двор излезете малку на свеж воздух, но чувајте се повеќе од 1 метар оддалечени од другите луѓе.
Самоизолацијата може да биде здодевна или фрустрирачка. Може да влијае на вашето расположение и чувства. Можеби ќе се чувствувате слаби, загрижени или имате проблеми со спиењето. Пробајте да си го исполните времето со идеите на страната на Министерот Венко Филипче.
Пробајте да бидете во контакт со пријатели или роднини по телефон или на социјалните медиуми или обратете се на броевите за помош.