Студија објавена оваа недела открива дека кога сексуалната работа е криминализирана, сексуалните работници имале три пати поголеми шанси за сексуално или физичко насилство како резултат на репресивото полициско опкружување.
Сексуалните работници во 33 земји кои се соочувале со репресивни мерки од страна на полицијата, идентификувани како апсења, затворање, конфискација на стерилна опрема за инјектирање, кондоми, преместување во нова област, физичко или сексуално насилство од страна на полицајците, имале три пати поголеми шанси да доживеат физичко или сексуално насилство, според една нова студија.
Кај нив постооела двојно поголема шанса дека имаат ХИВ или други сексуално преносливи болести, отколку сексуалните работници кои не биле изложени на репресивно полициско насилство и злоупотреба на моќ. Групата на сексуални работници која се соочувала со репресивни мерки на полицијата, исто така има поголема веројатност да има посиромашно ментално здравје.
Луси Плат, водечки истражувач и вонреден професор во епидемиологијата за јавно здравје во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, изјавил дека “репресивните полициски практики ја зголемуваат штетноста за сексуалните работници”. Во документот, исто така, било наведено дека се потребни реформи во политиките за подобрување на безбедноста кај сексуалните работници.
Петар Гринхаус, портпарол за сексуално здравје на Британската асоцијација за сексуално здравје и ХИВ се согласил со Луси и изјавил: „Ова ново сеопфатно истражување дефинитивно го докажа она што сме го знаеле многу години. Дека репресивната полиција против сексуалните работници го зголемува насилството врз жените и го намалува пристапот до сексуалната здравствена заштита”.
Сексуалните работници, во просек биле 13 пати повеќе изложени на ризик од ХИВ отколку општата популација, според британската добротворна организација Аверт, која нуди едукации за ХИВ. Ова се должело на тоа што тие биле економски ранливи, не биле во можност секојдневно да ги убедат своите клиенти за употреба на кондоми, криминализација и маргинализација, изјавиле од Аверт.
Студијата ги разгледувала рецензираните научни трудови од 1990 до 2018 година за сексуалната работа, законодавството, полициското работење и здравјето. Податоците кои биле земени од вкупно 33 земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, биле користени за проценување на просечните ефекти на репресивната полиција, во споредба со ефектите што сексуалните работници ги доживеале во отсуство на ваквите мерки од полицијата.
Сексуалните работници кои не биле изложени на репресивни мерки од полицијата имале 30% помала веројатност да имаат незаштитени сексуални односи отколку сексуалните работници изложени на репресивните мерки на полицијата. Ризикот од ХИВ и други сексуално преносливи болести двојно се зголемил, а ризикот од доживување на физичко или сексуално насилство се зголемил за трипати кај сексуалните работници во репресивни средини.
Британската кампања на СВАРМ, која се залага за правата на сексуалните работници, го поврзала Си-Ен-Ен со еден од нејзините членови, сексуален работник кој побарал да биде претставен под псевдонимот Кејти Карадона. „Очигледно е дека кога ние како сексуални работници, кога имаме помалку права на работа и секоја криминализација на сексуалната работа ги намалува нашите права на работа, ние сме помалку способни да се заштитиме од насилство или да бараме надомест, а клиентите знаат дека сме полесна цел “. – Кејти Карадона
Во својата анализа, студијата открила многу форми на полициско насилство и злоупотреби на моќта, како што се произволно апсење, изнудување, физичко и сексуално насилство и неуспех да се обезбеди пристап до правдата.
Стравот од вистински апсења довел да сексуалните работници преговораат набрзина со своите клиенти или избирале да работат на места што ги зголемувале опасностите, објасни студијата.
Пријавувањето на криминале исто така било доведено под знак прашање. „Полицијата честопати не реагираше на пријавите на сексуалните работници за таквите кривични дела, или ги обвинуваше и ги апсеше самите сексуални работници, што значи дека прекршителите можеле да поминат неказнето, а сексуалните работници не сакаат да поднесуваат пријави до полицијата во иднина” – Плат.
Студијата, исто така утврдила дека нееднаквостите во рамките на заедницата на сексуални работници се влошувале со репресивна полициска работа, бидејќи полицијата честопати навлегувала во специфични популации или средини, како што се сексуалните работници на улица или транс работниците. Ова “дополнително ги маргинализираше овие ранливи групи”, објасни Плат.
Слично на тоа, полициските мерки против местата за сексуална работа го ограничиле пристапот до здравствените услуги, што им ја отежнало работата на програмите за пронаоѓање на сексуални работници.
Претходните истражувања покажале дека декриминализацијата на сексуалната работа во Нов Зеланд резултирала со тоа што сексуалните работници се поспособни да ги одбијат клиентите и да инсистираат на употреба на кондоми. Друга студија пак покажала дека декриминализацијата има потенцијал да ја намали дискриминацијата, како и негирањето на правдата, клевета и вербална злоупотреба.
Истражувачите се надевале дека ќе има промени во законите за сексуалната работа. Во меѓувреме, тие се залагале за зголемување на финансирањето на специјализирани сервиси предводени од сексуални работници за решавање на разновидните здравствени и социјални потреби на луѓето кои нудат секс услуги.
Една од истражувачите, Пипа Гренфел, професор асистент по социологија на јавното здравје во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, изјавила дека “не се доволни само промени во законите за сексуална работа”. Таа објаснила дека постои потреба од поширока политичка акција за справување со стигмата и дискриминацијата на сексуалните работници, исто така со решавање на нееднаквостите во другите политики, како што е домувањето или социјалната заштита.
Постоеле некои ограничувања во студијата. Биле вклучени само мал број на трудови кои биле фокусирани на декриминализација на сексуалната работа и криминализацијата на секс услугите. Слично на тоа, неколку студии вклучувале податоци за транс-жени и цис-машки сексуални работници.
Кетрин Марфи, постара советничка за родови во Амнести интернешнал, која не била вклучена во студијата, истакнала во е-пошта дека “криминализацијата им штети на сексуалните работници и оваа студија покажува дека имаме речиси три децении истражување кое го потврдува ова”.
Дебора Золд, главна извршна директорка на Британската Национална фондација за СИДА, која не била вклучена во студијата, изјавила дека репресивниот кривичен закон за сексуална работа го зголемува ризикот за ХИВ и мноштво други нееднаквости. Ова мора да заврши.