Капкејк Браун (да, ова ѝ е вистинското име) имала 11 години кога нејзината мајка починала во 1976 година. Старателството врз Браун и нејзиниот брат биле доделени на нивниот биолошки татко кој е странец за нив и цело време ги користел само за социјалните бенефиции. Потоа тој ги препуштил децата кај насилна мајка од згрижувачко семејство која го поддржувала својот внук во постојаните силувањата врз Браун. Браун полека закрепнала и побегнала за потоа да налета на сексуална работничка која ќе ја научи да пие, да пуши марихуана и да наплаќа за сексуални услуги.
Нејзиниот следен татко од згрижувачко семејство и давал ЛСД и кокаин во замена за орален секс. На крај заминала кај нејзина тетка во Лос Анџелес, каде што се придружила на банда.
На свои речиси 16 години, со едвај преживеан вооружен напад, одлучила да се откаже од бандата. Сепак останува со пороците. Во самиот развој на настаните, нејзиното момче ја учело како да пуши кокаин, но тука бил и крекот. Наскоро таа земала сè што ќе ѝ дојде при рака, сè додека не се разбудила зад контејнер, полугола и речиси полумртва. Ова е моментот кога сфатила дека ѝ е потребна помош.
Браун сето ова го пренесува решително во детали во својата книга, а преку нејзината борба таа го развива својот потенцијал. Сега таа е правник во позната калифорниска фирма и мотивациски говорник.
(A Piece of Cake by Cupcake Brown, Broadway Books) 2006
Подготвила:
Ирена Јовановска