На 1 јуни, Клер Мекфарлен (Claire McFarlane), основачка на организацијата „MOVEMENT TO INSPIRE“ во Скопје ќе трча 16 километри со цел да отвори дијалог околу сексуалното насилство.
По трката Клер од 19 до 20 часот ќе биде гостинка на самата промоција на „Индукција на права“ мандали за возрасни на Симона Манчева, како дел од настанот “Која пудра најдобро покрива модрици” кој ќе се одржи на 01.06.2019 во BackYard Lounge Bar & Kids Area, локал во центарот на Скопје.
Мандалите ќе се продаваат на самиот настан по цена од 350 денари кои ќе помогнат за достигање на крајната цел на самиот настан, додека Клер чиј проект FOOTSTEPS TO INSPIRE е инклузивен проект, активно помага и придонесува да се реши проблемот на сексуалното насилство. Во секоја земја каде Клер патува со проектот, соработува со локални организации каде лично ја споделува својата приказна и траума за 1999 година кога е брутално силувана и оставена за мртва на улиците на Париз. Но таа успева да преживее, по што следи 16 годишна борба со францускиот судски систем, која конечно завршува со нејзина победа во 2015 година.