Merchants Quay Ireland доби дозвола за планирање на првите безбедни соби за инјектирање на дроги. Добротворната организација била одбиена за планирање од градскиот совет во Даблин во јули. По обжалување на одлуката до „Борд Плеана“, ја добиваат дозволата. Објектот ќе има седум инјектирачки штандови каде се очекува дека може да ги искористат 100 корисници на дроги.
За отворање на центарот се бара од Merchants Quay Ireland да го премести постојното ноќно кафе за бездомниците од центарот. Добротворната организација ќе мора повторно да аплицира за дозвола во рок од три години ако сака да ја задржи истата.
Инаку законите донесени во февруари 2017 година им овозможиле на корисниците да бидат ослободени од обвиненија за поседување нелегална дрога во одреден центар за инјектирање.