Од 19.08.2023 до 25.08.2023 во Скопје во Хотел Панорамика ќе се оддржи вториот тренинг од проектот “Млади за млади, заедно да работат” на тема “Застапување за промена на јавните политики кај младите” каде што активно ќе учествуваат шест претставници од ХОПС, како и по шест претставници од Удруга Тера (Ријека) и Регенерација (Србија).
Овој проект е партнерство помеѓу ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Удруга Тера (Ријека) и Регенерација (Србија) го спроведуваат со финансиска поддршка од ЕУ низ Еразмус+ програмата.
Сите информации во однос на проектот ќе бидат објавувани на нашата веб страна и социјалните мрежи ( ФБ, Инстаграм, Твитер) и со тоа ќе ви овозможиме активно да ги следите сите новости за проектот.
Проектот е финансиран со средства на Европската Унија. Изнесените ставови и мислења се ставови и мислења на авторот и не мора да се усогласени со ставовите и мислењата на Европската Унија или Европската извршна агенција за образование и култура ( EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да се сметаат за одговорни за ставовите и мислењата на авторот.