Резултатите од проценката за одржливите програми за опијатната терапија (ОМТ), иницирани од Владата на Република Казахстан во 2017 година, може да доведат до целосно прекинување на овие програми во земјата. За време на проценката биле забележани повеќекратни прекршувања на човековите права, спроведени со кршење на меѓународните биоетички стандарди. Врз основа на тоа, Евроазиската асоцијација за намалување на штети (ЕХРА) и канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА апелирале до Комитетот на Обединетите нации за економски, социјални и културни права (ЦЕСЦР), барајќи од Владата на Казахстан да обезбеди информации за нивните планови за зголемување на достапноста на ОМТ, како и да се обезбеди почитување и заштита на човековите права на лица кои користат дрога и луѓе кои живеат со ХИВ.
Во 2017 година, само 2,69% од сите корисници на интравенозни дроги во амбулантскиот регистар во Казахстан добиле ОМТ, спротивно на препораките на СЗО со најмалку 20% покриеност. Програмите ОМТ, иницирани во Казахстан во 2008 година, според препораките на различни меѓународни организации, не добиле едногласна поддршка од политичарите, полицијата и здравствените институции. Во јуни 2017 година, Министерството за внатрешни работи, поддржано од седум членови на парламентот, побарало итно прекинување на ОМТ во Казахстан. Канцеларијата на премиерот наскоро наредил проценка на програмите за ОМТ, кои започнале на крајот од септември, со формирање на Меѓусекторска работна група составена од 17 члена. На 30 октомври 2017 година, работната група изготвила Резолуција со заклучоците дека ОМТ е ефективен во Казахстан и треба да продолжи со некои подобрувања во однос на пристапноста и квалитетот на услугите.
Сепак, некои членови на работната група не биле задоволни со позитивните препораки и иницирале алтернативно истражување. Со помош на полицијата, новото истражување било спроведено без соодветна методологија и сериозно кршење на правата на пациентите со ОМТ: голем број од интервјуираните пациенти со ОМТ биле дезинформирани за вистинските цели на истражувањето и биле принудени да ги дадат своите изјави, воедно морале да дадат урина за тестирање на дроги без потпишување на формулари за согласност.
На крајот на декември групата ги доставила своите наоди во “Специјално мислење”, чиј главен заклучок бил дека ОМТ не е ефективен и треба да се прекине, тврдејќи дека таквите земји како Австралија, Холандија, Шведска и Швајцарија имаат целосно прекинати ОМТ програми. Потоа, Министерството за внатрешни работи издало информација за формирање на нова комисија за дополнителна проценка на ефективноста на ОМТ со учество на Комитетот за национална безбедност и Надворешна разузнавачка служба. Како резултат на тоа, од јануари 2018 година бил прекината приемот на нови пациенти во центрите за терапија за одржување на метадон.
„И покрај фактот дека програмите ОМТ се покажаа како еден од најдобрите начини за намалување на ширењето на ХИВ, владата на Казахстан презеде загрижувачки чекор, што може да има неповратни негативни последици за животот на населението во земјата. Првенствено, тоа влијае на пациентите со ОМТ кои бараат алтернативи за употреба на дрога “, вели Даша Матјушина-Очере од ЕХРА. „Ситуацијата е особено сериозна, бидејќи Глобалниот фонд, кој е главен финансиски донатор за програми за намалување на штети во Казахстан, може да го запре финансирањето на крајот на оваа година”.