Влијателна експертска група за дрога во западна Канада предложи да им се дозволи на луѓето да пристапат до законски регулиран хероин, во обид да се намалат предозирињата и да се борат против организираниот криминал.
Во новиот извештај, Центарот за употреба на супстанции во Британска Колумбија (BCCSU), предложи создавање на клубови, каде што пациентите ќе можат законски да се снадбат со фармацевтски произведен хероин. Овој пристап ќе ја намали веројатноста дека ќе употребуваат хероин измешан со фентанил – моќен опиоид причина за висока стапка на предозирање , истовремено ќе ги поткопа организираните криминални групи, обесхрабрувајќи ги луѓето да купуваат хероин незаконски.
BCCSU тврдат дека оваа мерка е итно потребна во нивната провинција поради тековната криза во јавното здравство. Во 2018 година, имало речиси 1.500 пријавени предозирање во Британска Колумбија, 260 такви смртни случаи на еден милион население; три пати повисока стапка од Канада, каде просек е 81 смртни случаи на милион. Од овие 1.500, неверојатни 85 проценти се поради нелегален фентанил. Ова укажува дека пристапот до регулирано снабдување со хероин без фентанил може многу да ја намали смртноста.
Клубот ќе работи како “кооператива за купување преку членство”, што значи дека членовите ќе ги комбинираат своите ресурси за да го набават хероинот во најголемиот дел по пониска цена од добавувачите.
За да се спречи пренасочувањето кон нелегалниот пазар, клубот ќе ги ограничи понудените количини за индивидуална, краткорочна лична употреба.
Клубовите би имале и други услуги за намалување на штети. Ако се имплементира, пристапот ќе биде темелно оценет и по потреба модифициран.
За пристапот кој треба да се тестира, BCCSU ќе треба да ја добие поддршката на националните и провинциските влади, како и онаа од која локална власт ќе ја надгледува шемата, не само за ресурси и поддршка, туку и за да обезбеди правен пат. Во моментов е незаконски за таков клуб да се здобие и дистрибуира хероин, но постои механизам за изземање што ќе му дозволи на министерот да го одобри.
Провинциската влада соопшти дека го разгледува извештајот и треба да донесе одлука за ова прашање.
Прочитајте го целиот извештај: Heroin Compassion Clubs