Во Онтарио, во канадска провинција со големи рурални области, фармацевтот Џејсон Њуман оди директно во заедниците на кои најмногу им е потребно налоксон, наместо да ги чека во својата аптека.
Како резултат на спроведувањето на неговите напори за намалување на штетите од употребата на дрога, тој моментално се соочува со институционален удар, со што може да му биде одземено одобрението да работи како фармацевт.
Њуман, според веб страната на неговата непрофитна организација, Фондација за одговорна администрација на лекови за итни случаеви ( FRAEM ) работи на спроведување на обуки за налоксон во „помали, оддалечени заедници“ и меѓу „високо ризични групи“ во Онтарио.
Колеџот на фармацевти од Онтарио сега ќе истражува дали Њуман им го дистрибуирал налоксонот на луѓето од заедницата “без оглед на индивидуалната потреба и/или клиничка соодветност” и дали тој “неправилно дозволил” не-фармацевтите да го издаваат во заедницата, меѓу другите работи.
Како одговор на овие обвинувања, Њуман изјавил за “Филтер“ дека програмата само „оди на места и учествува во настани каде што тој е поканет“. Покрај тоа, учесниците се „охрабрени да земат еден сет само ако тој/таа се чувствува удобно со она што научиле” и обуките се “надгледувани од најмалку еден фармацевт, а честопати и два или повеќе, во зависност од големината на функцијата “.
Во една анонимна поплака која била испратена до колеџот се тврди дека постапките на Њуман, останатите фармацевти ги сметаат за срамни, нечесни и непрофесионални. Но, Њуман изјавил дека неговите услуги се „темелни и професионални“, на секој поединец да им се обезбедат две обуки и писмени упатства за администрација на налоксон, како и други едукативни материјали за опиоиди, пред да се даде еден сет. Тој рекол дека не може конкретно да коментира за истрагата на колеџот. Но една работа е јасна: пред сè, неговата работа е да спаси што повеќе животи додека Онтарио се соочува со криза од предозирање.
Областите во Онтарио кои се најтешко погодени од фаталните предозирања, северозападните делови од покраината, имаат далеку помалку локали кои што дистрибуираат налоксон кои што е финансиран од страна на државата. Руралните северозападни и североисточни локални мрежи за здравствена интеграција, како провинциски региони делегирани на посебни агенции за здравствени овластувања, имаат најголеми стапки на смртни случаеви од употреба на опиоиди, 22,4 и 15,6 на 100,000 жители, соодветно.
Но, аптеките што учествуваат во програмите за намалување на штетите од употреба на дрога во покраината ги има многу поретко во овие уништени области, за разлика од другите.
Њуман претходно ја продолжил својата работа со обуки во основно образование за налоксон, дури и откако се соочил со блокадата на патот. Во февруари 2018 година, тој официјално се согласил со барањата на колеџот на фармацевти од Онтарио да престане да ги дистрибуира лековите освен во неговата аптека , сепак, неговата работа „никогаш не престанала“, изјавил за Глобус и Пошта.
„Доколку не го издававме налоксонот на проактивен начин, оваа година ќе имавме многу смртни случаеви како резултат на предозириња. Ние чувствуваме дека имаме етичка обврска да ја продолжиме нашата работа која се чини премногу важна за да би запрале сега” – Њуман.
Неговото сослушување пред Колеџот во врска со обвиненијата против него е закажано за 1 ноември. Без оглед на тоа што се случува, тој и ФРАЕМ сепак ќе продолжат да спасуваат животи” изјавил Џош Мазур, адвокат на ФРАЕМ, за „Филтер“.