Глобалниот фонд топло го поздрави соопштението на канадскaта министерка за меѓународен развој и министерката за родова еднаквост, Маријам Монсеф, за новата донација од 930,4 милиони канадски долари, за Глобалниот фонд за следните три години. Тоа е за 15,7% повеќе од претходната поддршка на Канада.
„Знаеме дека најранливите групи, вклучително жени, адолесцентни девојчиња и деца, се особено погодени од ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија како резултат на сиромаштија и родова нееднаквост. Ова е причината зошто Канада ја засилува борбата против овие болести “ – Монсеф.
„Канада силно верува дека најдобриот начин да се стави крај на овие епидемии е преку широки и иновативни партнерства, како што е Глобалниот фонд, за да се намалат бариерите што ги спречуваат милиони луѓе да имаат пристап до откривање, превенција, третман и нега. Заедно, можеме да ставиме крај на овие епидемии за добро. ” – Маријам Монсеф
Канада е основачки член на Глобалниот фонд и има придонесено повеќе од 2,2 милијарди УСД од 2002 година. Како домаќин на Петтата конференција за обнова на Глобалниот фонд во септември 2016 година, Канада донесе лидери од целиот свет во Монтреал, каде беше и нашиот Влатко Деков, за да соберат средства и да го поддржат Глобалниот фонд и напорите да се стави крај на ХИВ, ТБ и маларија. На конференцијата, Канада вети 804 милиони канадски долари, што претставува зголемување од 24% од претходниот залог.
„Сепак, Канада покажа извонредно лидерство во глобалното здравство особено во сексуалното и репродуктивното здравје и права, клучен приоритет за Глобалниот фонд“ – Питер Сандс, извршен директор на Глобалниот фонд.
Партнерството на Глобалниот фонд спаси повеќе од 27 милиони животи и обезбеди стотици милиони луѓе услуги за превенција, третман и грижа, помагајќи во ревитализација на заедниците, зајакнување на локалните здравствени системи и подобрување на економиите.