Канада е втората земја во светот, веднаш по Уругвај која што го регулира канабисот како легален производ – и првата земја од Г7 земјите. Прочитајте ја статијата и погледнете го видео интервјуто на Drugreporter со канадската активистка!
Во време на анксиозност, кога светот се наоѓа во опасна состојба на апатија и кога се чини дека го губи својот ентузијазам за социјален напредок и демократија, овој историски потег од страна на канадската влада ги трга сите стравови со тоа што ставија крај на 95-годишната забрана за канабис. Денес законот за канабис, кој што беше усвоен од Сенатот во Март, стапи на сила. Ова значи дека секој канадски државјанин, кој што е постар од 18 години, има право да поседува канабис со ограничена доза од 30 грама. На поединци им е дозволено и да растат до четири растенија за нивна сопствена употреба. Покраините и териториите се одговорни за воспоставување на системска регулација, некои ќе го направат тоа во полиберален, а други на порестриктивен начин. Канадскиот премиер Џастин Трудо, најави дека барањата за помилувањата за оние кои се осудени за злосторства поврзани со канабис ќе бидат разгледани, по донесувањето на овој закон.
Главниот аргумент кој што го користеше канадската влада, за регулирање на пазарот на канабис е дека овој закон има за цел да ги заштити децата.
„Канабисот беше лесно достапен за нашите деца – а криминалците профитираа. Денес го менуваме тоа “, напиша на твитер Трудо. „ Искрено, не сум сигурен дали легализацијата е начин со кој што ќе се “заштитат децата” од употреба на канабисот. Возрасните им се допаѓа тоа или не, легално или нелегално, голем број од тинејџерите секогаш ќе бидат подготвени да експериментираат со супстанции кои што ја менуваат состојбата на умот. Затоа треба да внимаваме да не поставуваме превисоки очекувања – но со искрено и отворено образование за дрогата и со пристап до широк спектар на психосоцијални услуги, можеме да направиме многу во однос на давање поддршка на младите луѓе да водат здрав и исполнет живот “.
Вистинската корист на пазарот за легален канабис, ќе биде да се стави крај на еден век хипокризија и да се стави крај на војната врз луѓе кои користат, одгледуваат или продаваат растенија кои возрасните можат да ги користат одговорно, без тоа да предизвика штета за себе или за животната средина. Легализацијата нема веднаш да доведе до затворање на црниот пазар, сепак тоа ќе обезбеди побезбедна, веродостојна алтернатива за купување на овие производи без да се збогатуваат криминалните организации, но и да генерираат даночни приходи за поддршка на образованието, истражувањето и здравствената заштита. Постојат многу отворени прашања, на пример, како ќе функционираат различните регулациони системи во покраините. Но, бенефицијата од правната регулатива е тоа што не е строг систем како што е забраната – туку таа може да се прилагоди на локалните потреби и промени.
Со легализацијата на канабис нема да се стави крај на сите проблеми – сепак Канада има уште многу да направи за да ги реформира своите политики за дрога. Треба да се зголемат услугите за намалување на штетите за да се стави крај на ужасната епидемија на предозирање, да се декриминализира користењето на сите видови дроги и да се обезбеди побезбеден пристап до опиоидите на оние луѓе кои инаку би ги набавувале овие дроги на црниот пазар. (Погледнете го нашето видео од конференцијата Стимул во Едмонтон!) Но, за нас, живеејќи во земји каде што канабисот сé уште е нелегален, каде што за собите за консумирање дрога се уште се размислува, Канада е светилник на надеж.
Погледнете го нашето интервју со Џена Бобена, активист од Канадски студенти за сензибилни политики на дроги!
Член и новинар: Питер Сароси
Видео: Иштван Габор Такас