Тимот за застапување на Drugreporter преку видео интрвју ви дава глобален преглед на реформите за канабис .
Реформата на канабисот е насекаде. По неколки децениски драконски закони и демонизирачки пропаганди, канабисот сега е дел од мејнстримот. Со промената на ставовите во јавноста, конечно дојде вистинскиот момент за регулација на пазарот на канабис. Пред неколку години Drugreporter направи кратки видеа за реформата на канабис во САД, но во меѓувреме оваа идеја за регулација на канабисот се прошири во скоро сите делови на светот. Во некои земји реформата е иницирана од законодавниот дом, додека во други преку судскиот систем. Како што е познато, многу компании лобираат да го воведат комерцијализираниот “северно-американски модел” и во други земји. Сепак, некои активисти не се согласуваат со овој пристап. Тие се залагаат за поголема социјална правда и помалку бизнис. Drugreporter ја искористи можноста на 63-та седница на Комисијата за наркотични дроги (CND) во Виена која се одржа овој март да поразговара со некои од активистите поврзано со реформите во нивните земји. На овој линк можете да ги погледнете интервјуата на шест активисти кои говорат за реформите во нивните земји ( Финска, Нов Зеланд, Холандија, Јужна Африка, Мексико, Канада ).