Новата кампања за собирање средства на Мама Кеш, „Моето тело е мое”, се фокусира вниманието на самоопределување и задоволство.
На жените, девојките и транс луѓето од целиот свет секогаш им се кажува и наметнува што може или не може да прават со своите тела, како треба да изгледаат, и како треба да се чувствуваат преку нивното тело. За да го живеат својот живот без дискриминација, угнетување и срам, Мама Кеш поддржува активисти кои се залагаат не само за својата слобода, но слобода за сите.
Ова е причината зошто Мама Кеш невладина од Холандија ја започна кампањата со слоганот “Моето тело е мое”, за да се нагласи дека секоја жена, секоја девојка и транс лице има право да одлучува за своето тело. Донациите кои се собираат се за потребната поддршка за активисти од целиот свет кои се залагаат за своите права и правата на сите жени, девојки и транс лица.
На фејсбук и инстаграм веќе се постираат слики под хаштагот #MyBodyisMine.
На овој ЛИНК можете да донирате.