„Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” заедно со фотографот Жарко Чулиќ, Васе Доковски – шминка и Игор Делов дизајнерот на календарот, изреализираа супер креативен календар. Преку филмски сцени и ликови тие го изразуваат она за кое и што се залагаат:
„За свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права, и каде почитувањето на различностите, правото на избор и социјалната правда се основни приниципи за демократско и слободно општество.“
„Да речеме ги сфаќам добрите и лошите
страни, дека ќе имам краток живот, дека
сум при здрав разум, бла, бла, ама сакам
да земам дрога. Нема да дозволат. Нема да
дозволат оти тоа е знак на нивниот неуспех.
Фактот што ти едноставно избираш да го
отфрлиш тоа што ти го нудат. Избери нѐ нас.
Избери живот. Избери отплата на станбен
кредит; избери машина за перење; избери
кола; избери да дремеш пред телевизор и
да гледаш серии што ти го перат мозокот
и ти го убиваат духот, и да ждереш брза
храна. Избери да изгниеш во старечки
дом, да се мочаш и сереш, ебена срамота
за себичните, заебани дечишта што си ги
направил. Избери живот. Епа, јас избрав
да не го изберам животот. Ако пичките не
можат да се справат со тоа, нивен ебан
проблем. Како што вери Хери Лодер, ќе
продолжам право до крајот на патот.“ (Trainspotting).
Календарот можете да го најдете во ПДФ верзија.
Браво другарки и другари!