Кога светот започна да реагира на ширењето на КОВИД-19 уште во март, директорите на 33D Research, Шерил Вајт и Расел Њукомбе, создадоа сеопфатен пакет упатства за луѓе кои користат дроги, за да ги следат советите и за да се чувствуваат безбедени за време на пандемијата.
3D Research развија дополнителни совети и упатства за избегнување на КОВИД-19, насочени конкретно кон луѓето кои користат хероин/опиоиди, луѓе кои продаваат дроги и луѓето што купуваат дроги, како и дополнителни генерални упатства за луѓе кои користат дроги. ИНПУД се здружи со нив за производство на четири групи летоци кои ги содржат сите потребни мерки на претпазливост.
Овие ресурси можат лесно да се отпечатат во боја или црно-бело и се наменети да се дистрибуираат меѓу мрежите предводени од врсници и давателите на услуги за намалување на штетите.
Погледнете ги и преземете ги овие ресурси преку Dropbox овде.