Слаѓан и Драган се двајца младинци чие растење било поразлично од растењето на поголемиот број нивни врсници. Двајцата многу рано дошле во дом за деца без родителска грижа во Белград, место кое требало да им пружи закрила од семејните проблеми.
По скоро 20 годнини од нивното доаѓање во домот, тие се присеќаваат на најраните денови од своето детсво, првите впечатоци од домот, искуствата кои влијаеле на нивното формирање како личности, релациите со другите деца и воспитувачите, добрите и тешките моменти, предизвиците и пречките низ кои морале да поминат по започнувањето на самостојниот живот. Низ нивните приказни се провејува еден посебен поглед кон растењето и семејството, пријателството и љубовта, страдањето и осаменоста, храброста и истрајноста.
Премиерата на овој документарен филм во Македонија е на 29.01.2020г. (среда) од 17:00 часот во театарот „Сенки и облаци“ (Мирослав Крлежа бр. 67, Скопје). Проекцијата ќе биде придружена со кратка дискусија за состојбата во Македонија.
Филмот ќе биде прикажан со изворниот звук на српски јазик, придружен со писмен превод на англиски јазик.
Документарниот филм е во продукција на Белградскиот центар за човекови права, со поддршка од партнерите во региналниот проект „Социјално зајакнување на млади во ризик“: Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Јувентас – Црна Гора, Лавиринт – Косово, Превент – Србија, Маргина – Босна и Херцеговина и АРСИС – Албанија.
Режија: Саша Периќ Автори на концепт и свенаристи: Дамир Мекиќ, Саша Периќ, Небојша Петровиќ, Петар Митриќ Автор на анимации: Небојша Петровиќ
Продуценти: Невена Николиќ, Петар Митриќ Камера: Марија Момиќ
Истражувачка работа: Дамир Мекиќ, Саша Периќ, Невена Николиќ
Тонски мајстор: Бојан Паликуќа
Звучен дизајн: Маја Ќурчиќ Композитори: Марко Џукиќ, Маја Ќурчиќ
Монтажа: Милош Кораќ
Консултанти: Славица Милојевиќ, Марко Глишиќ
Дизајн на плакат: Урош Ранковиќ