Фармецевската компанија Johnson & Johnson, добиле пресуда од страна на судството во Олкахома, за засилување на опиоидната криза во државата со измамнички маркетинг за лекови против болки. Пресудата вели дека треба да платат 572 милиони американски долари на државата, за загубата на животите на повеќе од 6.000 лица, како резултат на предозирање од лекови против болки.
Локалните самоуправи, болниците и племињата поднеле скоро 2.000 слични судски спорови.
„Обвинетите предизвикаа опиоидна криза за што се потврдува зголемената стапка на зависност, смртност од предозирање и синдром на неонатална апстиненција во Оклахома“, – Балкман.
Адвокатите на Оклахома го прикажале фармацевтскиот гигант како „крал“ на епидемијата на опиоиди за време на седумнеделното судење. Тие тврдат дека „ Johnson & Johnson“ преку своите подружници, вклучувајќи го и „Janssen Pharmaceuticals“, снабдувале голем дел од суровината на која се потпирале другите производители на лекови, за да милиони Американци станат зависни од апчиња за болка. Тие тврдат дека на државата ќе бидат потребни дури 17,8 милијарди американски долари во текот на следните 30 години за да се справи со последиците од кризата со зависности.
Johnson & Johnson рекле дека ќе ја обжалат пресудата и енергично ги негирале тврдењата.