Јавна расправа за предлог законот за абортус

0

По втор пат се отвори прашањето за  абортусот. Најголем дел од присутните го поддржаа новиот Предлог-закон. Пратениците и активистите аргументираа за и против но вратите на Собранието останаа затворени за верските претставници.

На дискусијата учествуваа министрите за здравство и за труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска, гинеколози, претставници на здруженија, комори. Претседателката на Комисијата за здравство, Мирсада Емини Асани, цитирајќи амандман од Уставот, рече дека Република Северна Македонија е секуларна држава.

Според министерот за здравство, со новите измени се враќа правото на избор на жената таа да одлучува самата за себе.

„Мајчинството е ексклузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака. Тоа не е работа на судии, попови, оџи, лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да си го добие, а државата да обезбеди институции и експертиза за тоа квалитетно и стручно да се заврши.“ – изјави Венко Филипче – министер за здравство.

Со новиот предлог-закон за абортус, на жената и треба да и  се овозможи поголема информираност за начинот на изведување на абортусот. Одлуката за прекинување на бременоста, жената ќе има право да ја донесе свесно и врз основа на информации. Пациентката нема да мора да чека 3 дена за да ја изврши интервенцијата и не мора да даде причина зошто сака да ја прекине бременоста.

Извор за видео Телевизија 24

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.