Законот за буџети е еден од клучните законски прописи кој што го регулира системот за управување со јавните финансии, и затоа процесот на неговото креирање и донесување треба да биде консултативен и да поттикне широка јавна дискусија во врска со клучните прашања кои ги засегаат сите граѓани на Република Северна Македонија.
Поттикнати од малиот интерес по објавувањето на новото законско решение на ЕНЕР и минималната покриеност во јавноста на оваа важна тема за целокупниот систем на управувањето со јавните финансии во медиумите, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, организираат „Јавна дискусија за Предлог-Законот за буџети“ во понеделник, 2 ноември 2020 година со почеток во 10 часот и времетраење од 90 минути.
Целта на јавната дискусија е да отвори широка дебата за креирање на нов системски закон кој ќе ги следи новите трендови, препораки на меѓународите финансиски институции и ќе придонесе кон подобрување на текстот на Предлог-Законот за буџети. Воедно јавната дискусија ќе претставува можност за институциите и граѓанскиот сектор заеднички да ја придонесат кон исполнување .
Говорници на настанот: д-р. Димитар Ковачевски, Заменик Министер за финансии м-р. Виктор Митевски, Извршен директор на ЗМАИ
Доколку сте заинтересирани за виртуелно присуство на настанот, пратете e-mail на kire.milovski@fosm.mk.