ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, на 28.04.2026 година објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 2 ( два ) тренери за испорачување на тренинзи за јакнење на капацитетите на стручните лица во превенција на употреба на дроги во училиштата во рамки на проектот
„Воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“
1.Позадина на проектот
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го спроведува проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).
Овој проект има за цел да воспостави одржлив национален систем за превенција од употреба на дроги, базиран на најдобрите меѓународни практики и научни докази, кој ќе биде интегриран во постојните образовни политики и практики. Република Северна Македонија се соочува со сè поголем предизвик во борбата против употребата на дроги меѓу младите. Според истражувањата спроведени од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ 2023) и Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (EMCDDA, 2019), постои зголемен тренд на употреба на психоактивни супстанции кај децата и адолесцентите. Овој загрижувачки тренд бара итни и ефикасни превентивни мерки за заштита на здравјето и благосостојбата на младите во земјата. Националната стратегија за дроги на Република Северна Македонија 2021-2025 ја препознава итноста на овој проблем, нагласувајќи ја потребата од развој на национални стандарди за превенција на дроги и сеопфатна национална програма за справување со употребата на психоактивни супстанции кај учениците. Зголемената употреба на психоактивни супстанции кај младите претставува сериозен здравствен и социо-економски предизвик. Меѓународните истражувања покажуваат дека систематски превентивни мерки во образовниот систем можат значително да го намалат ризикот од употреба на дроги и зависност.
Во рамки на проект финансиран од Европската Унија, се спроведуваат активности за воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата.
Во претходната фаза од проектот беа изработени:
- Policy Paper;
- Национални стандарди за превенција;
- Национална програма за превенција од употреба на дроги во училиштата;
- Прирачник за стручни работници во училиштата.
Следната фаза од проектот предвидува тренинзи за јакнење на капацитетите на стручните лица во превенција на употреба на дроги во училиштата.
2.Опис на активноста предмет на овој повик
Ангажирање на двајца тренери кои ќе спроведат структурирани обуки за стручни лица во училиштата, со цел ефективна примена на националните стандарди, програмата и прирачникот.
Тренерите ќе:
- Спроведат обуки за стручни работници во училишта;
- Обезбедат практична примена на прирачникот и програмата;
- Придонесат кон стандардизирана имплементација на националниот систем.
3. Опис на работни задачи
Заради исполнување на ангажманот предмет на овој јавен повик, тренерите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:
- Развивање и усогласување на тренинг-методологија;
- Подготовка на презентации и тренинг материјали;
- Спроведување на обуките преку ко-фасилитација (двајца тренери);
- Спроведување на 3-дневни обуки;
- Водење интерактивни сесии и практични вежби;
- Поддршка на учесниците во примена на алатки;
- Учество на истите тренери на сите локации;
- Подготвеност за патување во сите региони;
- Работа во резиденцијален формат (вклучително и вечерни сесии);
- Примена на adult learning пристап;
- Подготовка на извештаи по обука;
- Тренерите се должни да обезбедат конзистентен квалитет на обуките во сите региони.
4. Очекувани резултати
Заради успешно реализирање на ангажманот предмет на овој јавен повик, се очекува тренерите да ги постигнат следниве резултати:
- Реализирани обуки во сите региони;
- Обучени 218 стручни лица;
- Зголемени капацитети за имплементација;
- Подготвени извештаи и евалуации.
5. Тематски области на обуките
Заради успешно реализирање на обуките предмет на овој јавен повик, тренерите ќе треба да ги опфатат сите тематски области од подготвените материјали :
- Национални стандарди за превенција од употреба на дроги
- Програма за превенција од употреба на дроги во средни училишта
- Прирачник за превенција од употреба на дроги
- Практична примена на прирачникот.
6.Целна група
Заради ефективна примена на националните стандарди, програмата и прирачникот, обуките се наменети за вработени кои ќе ја имплементираат превентивната програма во училиштето, односно следната целна група:
- Стручни служби;
- Наставници;
- Директори.
7.Потребни квалификации
Кандидатот/ката треба да ги исполнува следните квалификации:
- Да имаат универзитетска диплома од полето на општествените или медицинските науки;
• Да имаат најмалку 5 (пет) години релевантно работно искуство;
• Да имаат искуство во подготовка и развој на тренинг материјали, програми или прирачници;
• Докажано искуство во планирање, организирање и спроведување на обуки за професионалци, предност ќе се смета искуство во планирање, спроведување и организирање на ТоТ обуки за професионалци - Претходно искуство во спроведување на обуки од областа на дроги ќе се смета за предност;
- Способност за тимска работа и ко-фацилитирање при спроведување на обуките.
• Развиени вештини за фацилитирање, модерирање и работа со различни групи учесници;
Искуство во ЕУ или меѓународни проекти ќе се смета за предност;
• Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
Како доказ за искуство за претходно реализирани тренинзи, кандидатите да достават препораки.
Напомена:
- Аплицирањето како тим (двајца тренери кои ќе ко-фацилитираат) ќе се смета за предност.
8.Временска рамка, договор и плаќање
Работните задачи ќе се реализираат на територијата на Република Северна Македонија, во вкупно 8 плански региони.
Ангажманот ќе се спроведе во периодот од мај до јули 2026 година, во вкупен обем од 30 експертски денови по тренер. Вкупниот број на денови ги опфаќа подготовката, спроведувањето на обуките и изработката на извештаи.
За секој експертски ден е предвиден надоместок во висина од 120 евра (во денарска противвредност).
Правата и обврските кои произлегуваа т од ангажманот ќе бидат регулирани со договор за ангажирање на лице, а исплатата ќе се врши преку Авторската агенција „Патентцентар Консалтинг“. Избраниот кандидат/ка е должен/на да доставува извештаи за реализираните активности (time-sheets) на англиски јазик.
Исплатата на надоместокот ќе се врши врз основа на одобрените продукти (deliverables), по доставување на соодветна документација и формално одобрување од страна на проектниот тим на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Под „продукти (deliverables)“ се подразбираат успешно реализирани обуки, доставени извештаи од обуките, пополнети time-sheets и спроведена евалуација (pre/post evaluation).
Обуките ќе се реализираат согласно следната организација:
- Во 8 градови: Скопје, Тетово, Куманово, Битола, Охрид, Велес, Штип и Струмица;
• Вкупно 218 учесници;
• По групи од 25–30 учесници;
• Во формат на 3-дневни обуки (3 ноќевања / 4 дена);
• Со обезбедено сместување во хотели.
Дополнително:
- Патните трошоци и сместувањето за тренерите се покриени од проектот;
- Тренерите се должни да користат и да се придржуваат до унифицираните тренинг материјали и агенда обезбедени од проектот, со цел обезбедување конзистентен квалитет на обуките во сите региони;
•Тренерите се должни да спроведат pre/post evaluation на обуките.
9. Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Заинтересираните кандидат(к)и кои ги исполнуваат условите наведени во точка 7 од овој повик, потребно е да ги достават следните документи:
- CV (работна биографија),;
• Листа на реализирани обуки во која треба да бидат наведени темите на реализираните обуки, како и институциите/организациите за кои се спроведени, со наведени контакти и референци;
• Предлог методологија за спроведување на обуките;
• Потврда за највисок завршен степен на образование.
Апликациите треба да се достават во електронска форма на следните е-адреси:
vaskak@hops.org.mk, blagorodna@hops.org.mk, sanjam@hops.org.mk и biljanan@hops.org.mk.
Со назнака:
„Тренери за јакнење на капацитетите на стручните лица во училиштата“.
Краен рок за доставување на апликациите е 05.05.2026 година до 15:00 часот.
Некомплетните и ненавремено доставени апликации нема да бидат разгледувани.
10. Критериуми за избор
Пристигнатите апликации ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, врз основа на квалитативна евалуација на доставената документација, согласно следните критериуми:
- Релевантно професионално искуство – 50%
• Квалитет на предложената методологија – 30%
• Референци и претходно искуство во спроведување обуки – 20%
Дополнително:
Во процесот на финална селекција, предност ќе имаат кандидати кои аплицираат како тим (двајца тренери кои ќе ко-фацилитираат), имајќи ја предвид природата на ангажманот.
11. Забелешки
- Според правилата на ЕУ за претпристапна помош, државни службеници и лица вработени во јавна администрација не се подобни кандидати.
- Само избраните кандидати ќе бидат известени за исходот.
- ХОПС го задржува правото да не ангажира тренери доколку не се исполнат очекуваните критериуми.
Овој ангажман се реализира во рамки на проект финансиран од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

