ПОВИКOT е отворен за сите медиумски професионалци, лица од невладини организации кои работат во комуникации, лица кои работат во областа на родово базирано насилство и родова еднаквост од јавни институции, студенти на новинарство, фриленс новинари.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (ХОПС) во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, во рамки на проектот “Different discourse better reality, media in combating gender based violence – strenghtening media literacy on gender based violence” поддржан од UNWomen во Скопје, објавува јавен повик за учество на Обуки за унапредување на знаењата и вештините кај медиумските професионалци и лицата кои работат во комуникации од различни институции – во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските работници во борбата и сузбивањето на насилството врз жените.
Обуките се наменети за сите заинтересирани медиумски работници (новинар(к)и, истражувачки новинари, репортери, уредници, лица од институции/организации кои работат во полето на медиумите, лица од менаџментот на медиумите како и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини од наведената област на различни типови медиуми), лица од невладини организации кои работат на пишување/комуникации/ПР, лица од јавни институции кои работат во делот на комуникации со родово базирано насилство итн. На обуките можат да се пријават медиумски работници од сите типови на медиуми и различен вид на организации/институции.
Обуките ќе бидат реализирани врз основа на специјално креирани Модули единствени од ваков тип кај нас, од познати и признати експерти во областите на: медиумите, родовата еднаквост, Националното и меѓународното законодаство и системот на заштита на жртвите на родово базирано насилство, човековите права.
За време на дводневната обука, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за: Родово базираното насилство и маргинализираните групи, Националното законодаство и системот на заштита на жртвите од родово базирано насилство и семејно насилство како и за најновите податоци од истражувања и Техниките за известување за родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња.
Датумот на одржување на обуката е 27 и 28 мај 2021 година, со почеток од 09.30 часот.
Пријавувањето е најдоцна до 25.05.2021 година на следниот линк
Сите останати детали во однос на обуките, ќе ги добиете после вашето пријавување.
Обуките ќе бидат организирани online, на платформата ZOOM заради заштита од Ковид 19.
Лице за контакт:
Елена Петровска
075 207 187