ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА ЛГБТИ ИНКЛУЗИЈА 2.0

0

ЛГБТИ заедницата доживеа големи промени во однос на јавната поддршка, перцепција и насилството врз заедницата. Изминатата деценија се водеше континуирана хомофобична и трансфобична кампања, што ја направи заедницата ранлива, но истовремено ја направи видлива и поддршката од многумина. Изразената негативна кампања ја направи видлива и солидарноста од граѓанскиот сектор, која ги зајакна напорите и борбата за општество на еднакви. Ваквите промени охрабрија многу ЛГБТИ луѓе да застанат гордо во одбрана на своето достоинство и своите права. Она што е особено значајно за нас е организирањето и зајакнувањето на различните заедници надвор од главниот град, во средини каде сѐуште поддршката е помала и ранлива.

Повикот е дел од Проектот за ЛГБТИ инклузија 2.0 поддржан од ИЛГА-Европа, имплементиран од ЛГБТИ Центарот за поддршка, а е во партнерство со Коалиција Маргини.

Тема и приоритети на повикот

Во духот на мисијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка за зајакнување на ЛГБТИ луѓето за самозастапување, како и промена на нивниот социјален и правен статус, Центарот отвара повик за предлог проекти кои ќе работат на:

а) зајакнување на самата заедница;

б) поттикнување соработка помеѓу поединци, организации и/или неформални групи/иницијативи;

в) иницијативи кои вклучуваат млади, култура и/или образование;

г) иницијативи кои ќе се реализираат надвор од главниот град;

д) иницијативи кои ќе ја охрабрат соработката со локалните власти.

ѓ) иницијативи кои ги адресираат проблемите со најранливите групи од ЛГБТИ заедницата кои вклучуваат но не се ограничени на: ЛГБТИ Роми, транс луѓе, сексуални работници, ЛГБТИ жртви на насилство…

Кој може да аплицира на овој повик?

На овој повик можат да аплицираат поединци, неформални групи, иницијативи и/или граѓански организации на територијата на Република Северна Македонија.

Достапен фонд

За овој повик имаме обезбедено вкупен фонд од 7200 евра во денарска противвредност и планирано е да се поддржат најмалку 5, а најмногу 8 проекти. Вкупниот буџет на еден проект не треба да го надминува износот од 1000 евра во денарска противвредност. Сите финансиски трансакции во рамки на доделените проекти ќе бидат реализирани преку канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет/ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Времетраење на проектите

Иницијативите треба да започнат на 01.12.2019 година, а треба да траат најмногу 6 месеци.

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани треба да пратат пополнет формулар во електронска форма на info@lgbti.mk најдоцна до 15.11.2019 година. За сите прашања поврзани со повикот можете да не контактирате на info@lgbti.mk.

Инфо сесија

На 25.10.2019 година во ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе има кратка обука за пополнување на формуларот, вклучувајќи го и буџетот, а просториите на Центарот ќе бидат отворени и за сите информации кои сакате да ги добиете во врска со повикот. За заинтересираните апликанти надвор од Скопје ќе бидат обезбедени средства за рефундирање на патни трошоци во висина на повратен автобуски билет. Ги молиме заинтересираните кој живеат надвор од Скопје присуството на обуката да го пријават на info@lgbti.mk не подоцна од 23 октомври 2019 година.

Извор

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.