Општи информации
ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство го спроведува проектот: „Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, во рамки на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови“. Главната цел на проектот е да придонесе во обезбедување на релевантни знаења за темите поврзани со насилството врз жените и родово заснованото насилство кај новинарите, известувачите, уредниците итн.(медиумски професионалци), и да се влијае на значењето на превенција и намалување на родово засновано насилство преку зајакнување на капацитетие кај професионалците од областа на медиумите за соодветно прикажување на овие теми во медиумите.
Позиција: Експерт/ка за изработка на Прирачник за родово сензитивно известување наменет за новинари и медиумски работници
Одговорности и задачи:
Експертот/та за подготовка на Прирачникот ќе ги има следните задачи:
*Напомена: Ангажираното лице заеднички ќе соработува со член на проектниот експертски тим за креирање и пишување на Прирачникот. За целите на креирање на Прирачникот, ангажираниот експерт/ка ќе добие претходно сработени материјали во рамките на гореспоменатиот проект, од областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојки.
- Осмислување на концептот на Прирачникот
- Утврдување на едукативните цели
- Утврдување на структурата
- Утврдување на содржината
- Предлог на тип на едукативни вежби во прирачникот
- Подготовка на предлог материјали за проширување на знаењата
- Развој на содржината на Прирачникот
- Пишување на стручната содржина на Прирачникот
- Експертот/ка се ангажира во периодот 07.05.2020 – 07.06.2021, со вклучени седум работни денови;
- Консултира и прегледува најнови и релевантни документи поврзани со насилството врз жени и девојчиња, родово сензитивното известување, нова и релевантна легислатива во заштитата од насилство врз жените и родово базираното насилство, насилство врз маргинализирани групи, превенција од родово засновано насилство, релевантни документи од областа на известувањето за родово базираното насилство;
- Тесно соработува со други домашни експерти и консултанти од областа;
- Соработува со координаторот на проект и експертскиот проектен тим;
- Испорачува драфт верзија (најдоцна до 05.2021) година и финална верзија на прирачникот (најдоцна до 07.06.2021), со висок квалитет и на време.
Спроведување на активностите
За изработка на прирачникот предвиден е надоместок во бруто износ од 56.000 денари во бруто износ за целокупниот ангажман. Исплаќањето ќе се врши во две рати, од кои првата по изборот на експерток/та, а втората по завршувањето на финалната верзија на прирачникот. Сите останати трошоци поврзани со спроведувањето на оваа активност (како на пример патни трошоци или слично) се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачот експерт/ка.
Начин на пријавување и избор
Образование:
- Напредно универзитетско или магистерски степен/докторски во општествени науки
Професионално искуство:
- Минимум 7 години релевантно професионално искуство во областа на медиуми и/или новинарство;
- Минимум 3 години во подготовка на релевантни документи, пишување политики и материјали за обука;
- Минимум 3 години во вршење обуки и едукации.
За пријавување кандидадот/ка треба да достави професионална биографија со наведени референци.
Краен рок за доставување на апликациите е 06.05.2021 година до 17.00 часот.
Апликациите треба да се достават на следните адреси: elena.coalition@gmail.com. За сите потребни информации ХОПС ви стои на располагање на претходно наведените адреси како и на телефонските броеви: +389 (0)2 3 246 205/ +389 (0)2 3 246 210
Скопје, 27.04.2020