Секоја година на 31 август се врти вниманието кон моментот предозирање од дроги, каде се говори без срам и стигма за оние кои сме ги изгубиле од предозирање од дроги.
И ХОПС беше дел од важна кампања – „Меѓународен ден за подигнување на свеста од предозирање со дроги“, Институтот Пенингтон се гордее со она што е колективно постигнато. Многу настани, предавања, пораки во јавноста, обуки, сеќавања.
Овој извештај ја илустрира моќта на соработка и партнерство. Резултатите се сведоштво за она колку многу придонеле сите кои учествувале во кампањата со тоа што помогнале да се разберат многу работи во однос на програмите за намалување на штети од дроги. Може да се забележи што добро функционира и што треба да се подобри.
Предозирањето не врши дискриминација, а бројот на засегнатите лица се зголемува во целиот свет.
Дел од она што го прави предозирањето смртоносно е и тишината што го опкружува. На Институтот Пенингтон предозирањето е дестигматизирано и разбрано, таму креаторите на политики прават добро информирани одлуки базирани на докази со цел да им се помогне на оние кои се изложени на ризик од предозирање. Само со решавање на оваа тишина и со приоретизирање на одговори кои се засноваат на докази, наместо на страв или лутина, ќе го намалиме бројот изгубени животи од предозирање секоја година.
Прочитајте го извештајот.