По повод националната кампања „Дeнови за донирање – Донирај од срце“, организирана од Конект, Здружение ХОПС- Опции за здрав живот Скопје организираше кампања за подигнување на свеста помеѓу младите за нивното ментално здравје и намалување на штетите од употреба на психоактивни супстанции. Во склоп на оваа кампања се одржа настан донаторски маскенбал „Заедно за млади“ во Коктел бар “Спалато” во Скопје на 27.10.2023 година.
Во Кампањата зедоа учество дел од вработените во Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје постави донаторска кутија во која се собираа донации од присутните гости на забавата, се плаќаше влезница, добивме донација во материјални добра од фирма која беше искористена за подготовка на пијалоци и беа продавани на присутните гости на забавата.
Кампањата беше успешно спроведена и на истата се собрани донации во финансиски средства во износ од 86.280,00 денари, донации во материјални добра во износ од 13.313,00 денари.
Средстваата собрани од настанот ќе бидат наменети за едукативни активности, конкретно изработка на едукативно информативно видео преку кое млади луѓе на своите врсници ќе им пренесат значајни информации како безбедно да се забавуваат.
Преку пласирање на точни и навремени информации се промовира безбедно однесување и се намалуваат штетите од употреба на психоактивни супстанции помеѓу младите.
Здружението ХОПС- Опции за здрав живот како реномирано здружение со своето 25 годишно постоење во земјата, добитник на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година, што ја доделуваат Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА – www.aidslaw.ca и Хјуман рајтс воч – www.hrw.org во своето работење се залага за општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Со организирање на овој настан ХОПС- Опции за здрав живот Скопје уште еднаш докажа дека е на страната на младите и прави напори за пласирање на точни и навремени информации како безбедно да се забавуваат а со тоа да се намалат штетите од употреба на психоактивни супстанци.
Прочитајте го извештјот од донаторски настан ТУКА.
