Луѓето кои користат дроги (ЛКД) може да се сметаат како ризична група од корона епидемијата. Тие често се наоѓаат на маргините на општеството со мал или никаков пристап до домување, вработување, финансиски ресурси, социјална и здравствена заштита и се соочуваат со системска дискриминација и криминализација во поголемиот број на земји. Многу од нив имаат и други здравствени проблеми, што може да го зголеми ризикот од (фатална ) инфекција од корона вирусот како што се хронични заболувања ( ХИВ, Хепатитис, ТБ, карцином и други состојби кои го намалуваат имунолошкиот систем ).
Ковид 19 е глобален проблем на јавното здравје и претставува предизвик кои создава нови слабости и ги влошуваат постојните кај ЛКД. Ситуацијата настаната од пандемијата Ковид 19 бара од земјите да преземат вонредни мерки за да го заштитат здравјето и благосостојбата на населението. Ковид 19 ќе влијае на секоја земја различно во зависност од здравствената инфраструктура, ширењето на вирусот, политичкиот, економскиот и социјалниот контекст, како и подготвеноста на земјата.
Како што се шири Ковид 19, сите наши напори треба да бидат насочени кон забавување на неговото ширење и да се обезбедат сервиси за најранливите луѓе како би ја добиле соодветната заштита и грижа за која имаат право. Спречувањето на ширењето на овој вирус бара обезбедување на правичен и недискриминаторски пристап до информации, превенција, медицинска нега и третман на сите лица, без оглед на нивното државјанство, националност, општествен статус и др.
Секој, без исклучок, има право на интервенции за заштита на својот живот и оваа одговорност е на националните власти. Од суштинско значење е владите да воведат мерки за да го спречат ширењето на Ковид 19 и да преземат низа дополнителни активности како би ги намалиле потенцијалните негативни влијаниа што можат да произлезат од овие мерки.
Во согласност со Светскиот извештај за дроги за 2019 година на глобално ниво има околу 35 милиони ЛКД, во однос на претходната проценка од 30,5 милиони пријавени во 2016 година, кои имаат нарушување поврзано со употребата на дроги и имаат потреба за пристап до третман и до сервисите за намалување на штети. Најновите расположливи податоци говорат дека бројот на починати е исто така зголемен: 585.000 луѓе починале како резултат на употреба на дрога во 2017 година. Лицата кои користат дроги се соочуваат со уникатни потреби и ризици, како резултат на криминализација, стигма, дискриминација, основни здравствени проблеми, социјална маргинализација , економска и социјална ранливост, вклучително и недостаток на пристап до соодветно домување и здравствена заштита.
Ранливите групи на луѓе кои користат дроги треба да бидат препознаени како популации со висок ризик, со цел да се намали ширењето на пандемијата. Според експертите, сите национални Влади треба да обрата внимание на следниве работи кои се од круцијално значење за ЛКД :
- Пристап до услугите за намалување на штети
Услугите за намалување на штети се состојат од опиоидна агонистичка терапија , програми за размена на стерилен прибор , дистрибуција на налоксон (лек кој може да ги спаси живот од предозорање) и местата за превенција од предозирање кои се неопходни за заштита на правото на здравјето на луѓето кои користат дроги
- Пристап до контролирани лекови
Достапноста и пристапноста на контролирани лекови мора да биде заштитена. Тука е вклучен медицинскиот третманот на зависност , палијативната нега, вклучително и третманот за постари лица. Сложените процедуралните барања за лековите може да создаде бариери во снабдувањето со овие лекови на ЛКД и до доведе до апстиненцијални кризи кои се сериозна закана по здравјето и животот на корисниците.
- Жени кои користат дроги
Околу една третина од вкупната популација на ЛКД се проценува дека се жени. Жените кои користат дроги се со поголем ризик од инфицирање со Хепатитис , СПИ и со ХИВ според достапните податоци .
- Бездомни лица кои користат дроги
Бидејќи се повикува луѓето да останат дома, од витално значење е владите да преземат итни мерки за да им помогнат на луѓето без соодветно домување, вклучително и луѓе кои се бездомници. Низ целиот свет, голем број бездомници кои користат дроги сега се соочуваат со дополнителни предизвици кои произлегуваат од мерките преземени за борбата со Ковид 19.
- Затворите и центрите за задолжителна рехабилитација
Затворите се средини со висок ризик за ширење на заразни болести. Непропорционален број на луѓе кои користат дроги се затворени низ целиот свет поради криминализацијата на личната употреба и поседување на ПАС, вклучувајќи и илјадници смртна казна, со кршење на меѓународниот закон за човекови права.
- Овластувања за итни случаи и право на здравствено осигурување
Може да бидат донесени и дополнителни овластувања за спроведување на законот кога се работи за итни ситуации. Ваквите овластувања треба да бидат внимателни избалансирани во однос на заштитата на приватноста и правото на загарантирано здравствено осигурување. Овие овластувања не треба да бидат пречка за унапредување и заштита на индивидуалното и јавното здравје.
- Информации и активно вклучување.
Релевантните информации за Ковид 19 треба да стигнат до сите, без исклучок. Додека информациите за намаување на штети како што се безбедната употреба, нови мерки, промена на закони државите мора да ги обезбедат на ЛКД. Ова значи, дека треба да им биде целосно обезбеден пристап до Интернет, бидејќе Интернетот е од сушинско значење за добивање на точни и навремени информации.
Целосниот извештај на експертите од ООН можете да го погледнете тука.