До пред некое време идејата за мешање на канабис и печурки заедно во една пилула, би изгледало како изум на колеџ дилер на дрога. Денес, оваа мешавина претставува врв на растечкото движење кое користи природни растенија и габи за лекување на болести, кои слабо се третираат од постоечките лекови.
Израелската медицинска фирма за канабис, Канаботех во моментов истражува како специфични мешавини на канабиноиди, лековити билки и печурки можат ефикасно да третираат различни медицински состојби. Досега компанијата има развиено пет специфични мешавини наменети за лекување на рак на дебелото црево, неплодност, масен црн дроб, воспаленија и срцеви или васкуларни заболувања. Овие производи во моментов чекаат клинички испитувања.
“Секое растение канабис има 30-40 канабиноиди кои се активни во телото и вкупно стотини канабиноиди”, – Канаботех.
„Веруваме дека тајната за активноста на растението лежи во канабиноиди кои се појавуваат во мали количини во растението. Ако ги промените стапките меѓу нив и ја зголемите нивната концентрација во финалниот производ, може да се постигне многу висока медицинска ефикасност и уникатни соединенија за третман на разни болести “.-Канаботех
Канаботех бара да се држи до не-психоделични печурки за мешавините на канабис, но истражувањето докажува дека псилоцибинот може да биде ефикасен лек како и медицинскиот канабис.
Неодамнешните студии откриле дека псилоцибин може да им помогне на пациентите да надминат депресија, алкохолизам или анскиозност. Тековните испитувања истражуваат како оваа психоделична габа може да третира и анорексија.
Американската администрација за храна и дроги на САД спроведува клинички испитувања, што можат да доведат до легализација на псилоцибин со помош на психотерапија во текот на следните неколку години.