Израел планира да ја декриминализира личната употреба на канабисот, изјавил министерот за внатрешна безбедност Гилад Ердан. Доколку Владата ја одобри новата политика, оние кои се фатени за пушење канабис ќе бидат казнети, но не и уапсени и кривично гонети. Кривичната постапка ќе биде започната само против оние кои се фатени во неколку наврати.
Употреба на канабис е прилично честа појава во Израел. Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, изјави дека речиси девет проценти од израелците употребуваат канабис.
Според податоците претставени на парламентот од страна на Министерството за внатрешна безбедност во декември, применета сила врз корисници за лична употреба за канабис е намалена за 30 отсто од 2010 година. Бројките презентирани од Министерството за правда покажуваат дека само 188 луѓе биле уапсени во 2015 година за пушење канабис, 56 отсто пад од 2010 година. Ако новата политика е одобрена од страна на Владата, ќе влезе во сила во рок од три месеци.
Во САД, 28 држави го легализираа канабисот за медицинска употреба, а Израел е една од светските лидери во медицински истражувања за канабисот. Во Израел околу 10.000 луѓе имаат лиценца за користење на канабис за медицински цели.
Извор: http://uk.reuters.com/