На 30 и 31 јануари 2024 година, Влатко Деков од ХОПС беше претставник од Македонија на работниот состанок во Амстердам во рамките на кој дваесет претставници на граѓански организации и експерти од исто толкав број на европски земји работеа на финализирање на Европската стратегија за застапување за програми за намалување на штети од употреба на дроги.
Беа идентификувани четири приоритети за застапување и поврзани цели за истите кои ги опфаќаат следните 5 години (2024-2028).
Конечната Стратегија се очекува да биде лансирана и објавена во март 2024 година и ќе се спроведе со поддршка на поширока мрежа на европски организации за намалување на штети и политика за дроги.
Состанокот во Амстердам е дел од поголема траекторија на активностите за застапување во повеќегодишниот проект BOOST. Резултатите ќе се вклучат во последователните активности, вклучително и организирање на вебинари за политики, состанок за дијалог за европски политики за време на Европската конференција за намалување на штети 2024 година и подготовка на серија документи за политики.
Состанокот во Амстердам беше коорганизиран од C-EHRN (координатор на проектот BOOST) и EHRA, во тесна соработка со EuroNPUD и DPNSEE.
