Почитувани, здружението Љубезност спроведува анкета која е дел од истражувањето за проектот „Може да биде поинаку – враќање на сонот за справување со осаменоста“. Проектот е во рамките на програмата ЕРАСМУС+ на Европската Унија.
Здружението Љубезност во патнерство со уште 6 организации од различни европски земји е вклучено во проектот/акцијата за развој на иновативни техники за работа и размена на добри практики.
Сите партнери во проектот се свесни за осаменоста и симптомите кои произлегуват од истата,како чест проблем со кој и денес е тешко самите да се справиме од повеќе различни причини. Затоа тие нудат систем за идентификација и за поддршка на осамените граѓани.
Преку заедничка работа и развивање иновативни методи и алатки ќе се оспособат и зајакнат крајните корисници за тоа како да се надмине осаменоста на емоционално и општествено ниво. Истовремено, од друга страна ќе се придонесе кон професионалниот развој на стручните лица кои работат во дејноста.
Целта на ова истражување е колку често луѓето во нашето општество се справуваат со осаменоста, дали при соочувањето со животни кризи бараат стручна помош, како и за вашето мислење во врска со едноставни интервенции за справување со кризи заради превенирање, упатување до квалитетен стручен кадар и понатамошна соработка во вид на психосоцијална поддршка.
На следниот линк можете да ги одговорите прашањата од истражувањето “Може да биде поинаку – враќање на сонот за справување со осаменост”