Ова истражување за првпат ги проценува правните потреби и патиштата до правда за луѓето кои инјектираат дроги и за сексуалните работници во Македонија. Спроведено беше на крајот од 2016 година и почетокот на 2017 година користејќи комбиниран истражувачки пристап. Квантитативната фаза опфати 250 испитаници избрани систематски во два чекора следејќи ги принципите на случаен избор, од кои 169 инјектираат / инјектирале дроги, а 107 се занимаваат или се занимавале со сексуална работа. Квалитативната истражувачка фаза, пак, вклучи 69 испитаници од двете заедници преку дискусии со фокусни групи, како и 7 претставници од надлежни институции опфатени со индивидуални или групни интервјуа.
Истражувањето покажа дека луѓето кои инјектираат дроги и сексуалните работници во Македонија се соочуваат со десеткратно повеќе нетривијални правни проблеми во споредба со општото население во државава. Истовремено ниската правна писменост, недовербата во институциите и системската дискриминација, меѓу другите фактори, ги спречуваат граѓаните од овие заедници да бараат заштита на своите права и остварување на правда по институционален пат. Со ова се потврдува нивната висока ранливост, како и потребата за унапредување на пристапот до информации, правно советување и заштита.
Целиот истражувачки извештај на македонски јазик може да го погледнете ОВДЕ.