Левенте Моро е добро познат член на Европската заедница за психоделици. Тој докторирал во 2017 година на Универзитетот во Турку, на тема халуцинаторно променети состојби на свест. Во 2012 година тој го започна ПсајХелп, организација за оние кои што одат на забави, за да ги направат побезбедни концертите и фестивалите на психотранс и Гоа. Прочитајте го интервјуто кое што го направи Џонатан Броздовски од тимот на Drugreporter.
Како доаѓаат луѓето кај вас?
Левенте: Мораме ние да ги најдеме. Обично имаме камп, со шатор. Ние нудиме 24 часовни услуги, дистрибуираме вода со магнезиум и некој вид солена закуска, тоа е основата. Исто така шетаме наоколу, обидувајќи се да забележиме луѓе кои изгледаат како да им не им е удобно и како да не уживаат во фестивалот. Понекогаш обезбедувањето ни приоѓа и не повикува. И екипажот на брзата помош може да не контактира. Тие не знаат за психоактивните супстанции но можат да обезбедат олеснување на симптомите. Понекогаш имаме и лекари во тимот. Овие се исто така млади луѓе, но скоро сите имаат докторски студии.
Можете ли да ми кажете за еден конкретен случај?
Левенте: Па … тешко е да се опише еден конкретен случај. Можеби затоа што ова се псајтранс фестивали, луѓето земаат премногу ЛСД, но треба да нагласам дека не е важна само дозата, туку е и квалитетот и начинот на кој што се зема. Кога луѓето се во група пријатели и се грижат едни за други има добра музика што им се допаѓа, можат да шетаат во шума, 99 проценти додека трае дејството тие доживуваат убаво искуство.
На пример една група пријатели се разделуваат, а потоа тој што ќе остане сам може да се збуни и да се исплаши. Некои работи во околината може да бидат застрашувачки. Или може да дехидрираат. Можеби е темно, тие би можеле да го загубат патот назад кон својот шатор. Може да станат параноични заради скриената полиција на овие фестивали, обидувајќи се да ги забележат дилерите на дрога, случајно трепкајќи со светлата директно во лицата на луѓето. Обично им приоѓаме со ќебе, со вода, со шеќерчиња за да го подигнат шеќерот во крвта, а можеби и солени закуски. Во нашиот тим имаме и девојки волонтерки кои што се секогаш во составот на нашиот тим.
Целта со базниот камп ни е да оставиме позитивен впечаток и дека тоа е безбеден простор. Немаме право да ги задржиме клиентите таму, па ако тргнат далеку, тогаш одиме со нив. Ние сме сигурни дека тие не влегуваат во судир со обезбедувањето или полицијата. Во суштина, само чекаме додека ефектите од дрогата не се намалат до моментот кога тие се враќаат во режим на рефлектирање. И тогаш можеме рационално да разговараме со нив .
Во вашиот прирачник ПсајХелп, зборувате за тоа како на луѓето им е понижувачки да бидат доброволци.
Левенте: Во тоа има различни стилови, кога едното лице е под дејство на психоделици, а другата личност може да биде она што обично се нарекува чувар. Чуварите не се исти како водичите. Водичот е како духовен гуру или избрана личност. Чуварот е само некој кој е трезен. Кога некој се чувствува изгубен додека е под дејство, многу е утешно знаењето дека има друга личност што може да се грижи за нив. Ние не ги водиме на кој било начин, не им даваме совети за тоа што да прават, само им дозволуваме да го процесираат искуството.
Зошто е важна Псајхелп?
Левенте: Ние сме специјализирани за овие фестивали Гоа / Псајтранс, затоа што луѓето таму користат халуциногени дроги што им овозможуваат на луѓето да доживеат трансперсонални и трансцендентални искуства. ПсајХелп нуди можност да го споделите вашето искуство. Имате искуства што не можете да ги објасните со механичкиот светоглед за кој сте образовани. Постојат повеќе работи во некои други димензии, кои не можете да ги објасните, но мора да ги прифатите, бидејќи тоа е ваше искуство, кое мора да потекнува од некаде. Така, го олеснува ова проширување на вашиот поглед на светот.
Целото интервју можете да го прочитате тука.