Вчера, 21ви јули, беше Меѓународен ден за сеќавање на оние кои го загубиле својот живот во таканаречената војна против дрогата. Овие лица починале како резултат на непотребната криминализација, како резултат на забраната за употреба на дрога. Токму овие две работи, криминализацијата и забраната се тие што ги прават дрогите толку опасни. А денес живееме во едно општество кое е рамнодушно кон овие жртви.
Илјадници луѓе во последната година биле убиени како резултат на војната против луѓето кои користат дроги. Владата на Обединетото Кралство и владите во скоро секоја јурисдикција во светот – делуваат целосно рамнодушни кон овие безбројни смртни случаи, на страдањето на заедницата која употребува дрога, нивните семејства и нивните најблиски. Секој од овие смртни случаеви е трагедија, трагедија која што може да се избегне.
Како резултат на криминализацијата, дрогите се произведуваат на црниот пазар. Таквото произвдство пак, резултира со луѓе кои употребуваат и умираат од хероин контаминиран со антракс, со фентанил и со карфентанил во Велика Британија, како и на меѓународно ниво. Поради забраната и поради неуспехот на политичарите да усвојат сеопфатно намалување на штетите од употребата на дроги, отворање на соби за безбедно употребување на дроги и тестирање на составот на дрогата која што ја набавиле од црниот пазар, сето ова не дозволува можност да се обезбеди контрола на составот на дрогата.
И бидејќи луѓето кои користат дроги се соочуваат со стигматизација, се социјално исклучени, се жртви на маргинализиција, владите се уште не превземаат никакви чекори за решавање на овој системски проблем. И така, како резултат на тоа, бројот на ваквиот вид смртни случаеви постојано се зголемуваат. Стапката на смртни случаеви е највисока во последните децении во Велика Британија, а бројот на жртвите од Шкотска поврзани со употребата на дрога е зголемен за 27% во текот на изминатата година, достигнувајќи бројка од вкупно 1,187 смртни случаеви.
Барања од минатогодишниот Ден за сеќавање и оваа година се исти како резултат на игнорирањето од страна на Владата односно: нема никаков напредок во намалување на штетите од употреба на дрога во Велика Британија и во огромното мнозинство на други држави. Додека членови од заедниците, семејствата, пријателите и најблиските ќе продолжат да умираат, ќе продолжат овие барања за крај на самите закони и политики одговорни:
Барања се следните:
• Заедниците, организациите и мрежите бараат крај на строгите мерки, крај на војната против дрогата и луѓето кои користат дроги
• Декриминализација
• Легализација
• Сеопфатни програми за намалување на штетите од употребата на дроги и средства за тестирање на составот на дрогата, превенција од предозираност, достапност до налоксон и отоврање на соби за безбедно инјектирање ширум светот
• Крај на социјалната исклученост и признавање на човековите права
Почивајте во мир!