Девојка 17 години, пронајдена во својот дом предозирана. Тоа е последниот случај од предозирање регистриран во Македонија оваа година. Според податоците добиени од МВР на РМ, во периодот 2001-2005 година починале вкупно 112 лица кои употребуваат дроги, што изнесува 1,57% од вкупниот број (б=7126) лица што употребуваат дроги регистрирани во МВР до 2005 година. Оттогаш наваму нема соодветни податоци за оваа проблематика, зошто Македонија нема систем за регистрирање на смртните случаи од предозираност.
31-ви август секоја година е „Интернационален ден за подигнување на свеста за последиците од предозирањето“ (IOAD). Ова е глобален настан кој се одржува со цел да ја подигне свеста за предозирање и намалување на стигмата за смртта поврзана од предозираност. Живееме во осудувачко општество каде стигмата води кон молк, а молкот и тишината кон смрт и непревземање ништо за себе или своите мили. Секогаш кога ќе речеме предозирање, стереотипот за предозираност е личност со игла и шприц и не се размислува на комплексноста на предозирање, кое може да биде опијати и комбинации од повеќе од една супстанција.
Овој ден и акција е посветена на отстранување на стигмата од зависност од хероин, каде луѓето кои користат дрога и членовите на семејствата нема да чувствуваат срам, и ќе имаат храброст да побараат помош кога им е потребна. По тој повод се организираат многу настани за подигање на свеста на оваа проблематика и вклучување на владите, локалните општини, здравствени служби, полицијата, семејствата, граѓанските здруженија и поединците кои се охрабруваат да се вклучат и да ја покажат својата поддршка.
Како знак за поддршка се носи сребрен беџ. Сребрениот беџ е симбол за подигање на свеста од предозирање. Носејќи го може да значи загуба на некој кој сте го сакале или изразување поддршка на оние кои го носат товарот на тагата. Сребрениот беџ испраќа порака. Таа порака е дека, бесконечна е вредноста на секое човечко битие. Со тоа се поништуваат предрасудите и стигма кон лицата кои употребуваат дроги.
По повод овој ден е создадена апликација „Overdose Aware“ која може да ја најдете овде: линк. Од самата апликација може да се информирате:
- Што е предозирање?
- Што да направите ако се сомневате дека е предозирање?
- Симптоми за предозирање со стимуланси, депресанти, алкохол и опијати.
- По предозирање – толеранција, половина живот и оштетување на мозокот.
Оваа апликација е само за информативни цели, не медицински совет, туку советување доколку се сомневате дека некој се предозирал да се јавите во службите за итна помош.
На наредните линкови имате информативни постери во врска со симптоми од предозирање: