Те покануваме да учествуваш на интерактивна работилница каде заеднички ќе креираме
едукативни материјали за намалување штети поврзани со психоактивни супстанции.
Работилницата ќе започне со кратка сесија со правник, посветена на правата при контакт
со полиција. Ќе бидат опфатени теми поврзани со повикување, приведување и
задржување, права при претрес, како и прашања поврзани со поседување за лична
употреба. Во текот на сесијата ќе има простор за поставување прашања и дискусија.
Потоа продолжуваме со интерактивен дел, каде учесниците ќе работат во групи на
развивање идеи за едукативни материјали.
Ќе се работи на:
- содржината на материјалите – кои информации се навистина важни за
намалување на ризици, како да бидат точни, разбирливи и применливи во реални
ситуации - дизајнот на материјалите – како визуелно да комуницираат јасно, да привлечат
внимание и да бидат блиски до луѓето за кои се наменети
Преку дискусија и заедничка работа, учесниците ќе имаат можност да придонесат со свои
идеи и перспективи за тоа како треба да изгледаат и звучат материјали што се навистина
релевантни за заедницата.
Учеството е бесплатно, а бројот на учесници е ограничен на 15.
Пријавувањето е анонимно (со прекар), а податоците ќе се користат само за организација
на настанот. Избраните учесници ќе добијат потврда по e-mail.
Пријави се тука:
Интерактивна работилница за намалување штети: Разјасни си ја сликата (Линк за пријава)
Рок за пријавување: 23.04.2026

