Рекреативно користење на дроги е популарна социо-културна практика ширум светот па така и во Македонија. Користењето на дроги пак во контекст на Музички фестивал е исто така практика која побарува дополонителни мерки на претпазливост што од корисничкa така и од организациска страна. Користењето на дроги секогаш со себе носи и ризици, затоа најдобро е да не се користат, но доколку се користат најдобар начин за намалување на ризиците и штетните последици од нивна употреба e едуцирањето и инфомирањето за дејствата, дозирањето, траењето, начинот на безбедно користење како и мешањето и интеракција со други дроги.
Инфо-Едукативна работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” е интерактивен инфо–едукативен модул кој ќе се одржи на 16-ти јули // 12:00-14:00, на Д- Фестивал, преку кои учесниците ќе се запознаат со најчесто употребуваните дроги, новите трендови на употреба на дроги и новите психоактивни супстанции и практики за намалување на штети од нивното користењето со посебен акцент во контекст на Музички фестивал. Во рамките на работилницата ќе биде претставен документарен филм од серијалот I am rebel – The Love Drug, инфо-едукативна презентација, мини квиз за учесниците и отворена дискусија.
Д-р Давор Смиланов е фацилитатор на Интерактивната Инфо-Едукативна Работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” активен член од организацијата ХОПС – Опции за здрав живот. Д-р Давор Смиланов е доктор по медицина со долгогодишно искуство на полето на намалување на штети од употреба на дроги, едукатор и автор. Има учествувано во бројни национални и регионални проекти, конференции и кампањи за намалување на штети од употреба на дроги.