Од денес почнува да се одбележува –Интеρнационален ден за пρовеρκа на дρоги. Оваа иницијатива е спроведена од страна на различни групи на организации кои имаат активна улога во обезбедувањето на услуги за намалување на штети кои се однесуваат на користење на штетни супстанци. Пρовеρκа на дρоги е пρистап за намалување на штети пρеκу κој се одρедува составот и κвалитет на дρогите κаκо инфоρмација за κρајните κоρисници. Познавање на точниот состав на дρогите и дозите намалува ρизици.
Ова не треба да биде само за тестирање на супстанции, туку и тестирање на своите знаења за дрогите и нивните ефекти. Секогаш користењето на дроги доаѓа со ризици. Со зголемување на свеста и споделување на знаењето и информациите, не само што ќе се подобри свеста кај поединци туку и заедници каде ќе се намалат штетите од користење на било каква дрога. Користењето на дроги е глобален проблем. Луѓето од целиот свет користат супстанци на дневна основа од кофеин, алкохол, кокаин, хероин.
Употребата на дрога стана морален и кривичен проблем со законодавството и законите за забрана на глобално ниво. Прохибицијата доведува до развивање на мрежите на подземните пазари за дроги со што луѓето купуваат од црниот пазар, на улици, приватни куќи и интернет. Со црниот пазар, сигурноста на идентитетот или квалитетот е изгубена. Ниту една дрога не доаѓа со информација за дозни единици, нема список на состојки и е без упатство за можните несакани ефекти, или пак со препораки за минимизирање на ризикот од употреба.
Еден од најефикасните начини за намалување на штети поврзани со дрога е да им се овозможи на корисниците на дрога професионална проверка, воедно и информации за ризиците по здравјето, побезбедни методи за користење и што да направат во случај на предозирање или други итни случаи. Проверката на квалитетот на дрогите не само што ја подигнува свеста за ризикот од употреба на дроги, но исто така доведува до зголемување на квалитетот и чистотата на дрогите кои се продаваат на локалните ареи. Националните услуги за проверка на дроги им дозволува на властите да го разберат подобро пазарот на дроги и потребите за јавното здравство. Како пристап за намалување на штети луѓето треба да имаат можност да ги тестираат дрогите кои ги користат, така тие можат да се информираат и да го намалат ризикот од последици.
#JustSayKnow
#IDCDay2017
#TestIt