Во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, имаме одлични креативни активности. Во склоп на прокетот за психосоцијална поддршка на деца во социјален ризик, поддржан од страна на Министерство за труд и социјална политика, во центарот од 27.11 до 08.12 беше поставена инсталација на тема КОСМОС.
Целата на оваа инсталација беше сите дечиња кои ќе ја посетат истата, да се зазпознаат со космосот, планетите, кометите, универзумот. По посетување на инсталацијата, децата во креативни работилници ги изразуваа своите импресии.
Минатата седмица бевме посетени од децата од „Дневниот центар за деца на улица во скопската населба Автокоманда“, Јавна установа за деца „25 Мај“ и секако децата чии родители ги користат услугите на нашиот центар. Поради зголемен интерес рокот за поставката на инсталација е продолжен до 15 декември. Секое детенце кое сака да дојде и види е добродојдено.