Инстаграм ја отстрани страницата PR, која информира за безбедност и намалување на штети од дроги.
PR, исто така познат како PillReport, но нема врска со pilreports.net, споделува едукативни информации за опасностите од земање дрога, вклучувајќи предупредувачки објави за смртоносни таблети во оптег, како што се сините таблети „Тесла“, во кои загина најмалку едно лице и се хоспитализирани најмалку 20 во последните две недели.
Страната е меѓу најпопуларните страници за безбедност од дроги на Инстаграм, со повеќе од 110.000 следбеници, помагајќи да се споделат витални информации што можат да спасат животи и да ги намалат здравствените и општествените проблеми предизвикани од дрога.
Други информации кои ги споделуваат за опасноста од „Кетамин мочен меур“, состојба предизвикана од прекумерна употреба на кетамин што може да доведе до симптоми како што се хронична болка, мокрење крв и откажување на бубрезите.
Исто така PR, продава комплети за тестирање, така што корисниците можат да ги проверат своите дроги за потенцијално опасни нечистотии.
PR за првпат беше одстранет од платформата во вторникот на 3 август, пред да биде вратен. Па повторно симнат за да биде пак вратен.
Минатата година PR помогна да се изнесат на виделина опасните услови во клубот Леамингтон. Наводно, водата не им била дадена бесплатно на присутните со тоа што 19-годишен маж починал, а 22-годишна жена била хоспитализирана на интензивна нега.
PR наведува дека Инстаграм не дал причина за нејзино отстранување надвор од „кршење на упатствата на заедницата“.