Сервиси за корисници на дроги – веб на ХОПС
Програмата за намалување на штети од употреба на дроги е наменета за корисници на дроги, лица кои инјектираат дроги, и нивни семејства. Нашите центри имаат пријателска атмосфера, без морализирање и осудување, и не ти требаат документи за да дојдеш кај нас.
Услуги за превенција на ХИВ/СИДА, Хепатитис Б и Ц и други КСПИ
Стерилен прибор за инјектирање – игли и шприцеви во сите големини, прибор за подготовка – кукер, вата, аква, алкохолно марамче. Користењето стерилен прибор за инјектирање и прибор за подготовка ќе ти помогне да се заштитиш од ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц и други крвно преносливи инфекции.
Секогаш користи нов прибор, а бесплатен прибор, бесплатни кондоми, лубрикати, брошури можеш да добиеш во:
- Дроп ин центар во Кисела Вода, од понеделник до петок, 10 – 14 часот, тел 02/ 3130 058
- Дроп ин центар во Шуто Оризари, од понеделник до петок, 10– 14 часот, тел
- Доколку неможеш да дојдеш во нашите центри, побарај го теренскиот тим
- на 075 76 99 48
Сакаш да се провериш за ХИВ/СИДА? Дали знаеш како се пренесува? Дали знаеш како да се заштитиш? Јави се во ХОПС ( дневни центри или терен) и закажи термин! Тестирањето е анонимно и доверливо, без име и презиме, резултатот ќе го знаеш само ти и твојот советувач!
Услуги за основен медицински третман од долготрајно и неправилно инјектирање
Имаш рани од боцкање, си направил аут? Сакаш да знеш зошто инјектирањето метадон со ампула е зезнато?
Медицинскиот тим ти стои на располагање за совети, информации и основна медицинска помош, без здравствена книшка, секој ден во нашите центри и на терен ( ако се кликне на центри и терен да те врати во текстот каде се инфо за центрите).
Услуги од социјален работник
Немаш лична карта? Немаш здравствена книшка? Каде треба да ги извадиш? Разговарај со социјланите работници во нашите центри или на терен , ќе добиеш информации за добивање лични документи, здравстевно осигурување, социјална заштита, поврзување со потребните институции и организации, советувања.
Услуги од правен советник
Полицајци во цивилка те скршија од маање! Доктор не те прегледува само затоа што си корисник! Те фатиле со џоинт! Ти ги имаш истите права како сите други! Побарај помош од правен советник во нашите центри или на терен.
Услуги во дроп ин центри
Како да превенираш овер? Како да ги одржуваш вените? Што е тромбоза? Како да се заштитиш од Хепатитс Ц? Во нашите центри можеш да се информации и да се едуцираш за безбедно инјектирање и безбеден секс, одржување на здравје, крвно и сексуално преносливи инфекции, човекови права, едукации за се во врска со дроги, туберкулоза…
Имаш слободно време и сакаш нешто да правиш? Можеш да присуствуваш на креативни работилници секој понеделник и среда во дроп ин во Кисела Вода, од 10 до 14 часот!
Дневен центар за ресоцијализација и рехабилитација на корисници на дроги и нивни семејства
Услуги од психолог и психијатар
Апстинираш? На третман си и имаш слободно време? Сакаш да разговараш со некого за твоите дилеми? Се чувствуваш немирно и нервозно? Јави се на 5112 684 и закажи си советување со психолог или психијатар
Услуги од педагог
Имаш дете на кое тешко му оди школото, или воопшто не оди на школо поради некои причини? Не знаеш како да постапиш со своето дете? Познаваш некој корисник на дрога кој не знае да чита и пишува?
Јави се на 5112 684 и закажи советување со педагог!
Имаш слободно време и сакаш нешто да правиш? Можеш да присуствуваш на креативни работилници секој вторник и четврток од 11 до 14 часот!